Home Десерти МЕК КАКО СУНЃЕР…Колач за 10 минути…вкус кој веднаш ќе ве освои

МЕК КАКО СУНЃЕР…Колач за 10 минути…вкус кој веднаш ќе ве освои

МЕК КАКО СУНЃЕР…Колач за 10 минути…вкус кој веднаш ќе ве освои…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

4 јајца
1 прстофат сол
8 г ванилин шеќер
100 г шеќер
3 лажици масло
100 г брашно
50 г скроб
8 г прашок за печиво
мармалад за премачкување
кокос за посипување одозгора

ПОСТАПКА:

1.Со миксер изматете ги пенасто јајцата заедно со ванилата и шеќерот. Кога ќе згуснат како крем додајте масло и промешајте со жица.

2.Соединете ги сувите состојки: брашно, прашок за печиво и скроб, па во три наврати додајте ги во пенасто изматените јајца. Мешајте рачно и бавно за да остане смесата пенлива.

3.Смесата излејте ја во големиот плех од рерна обложен со хартија и печете во загреана рерна на 180 степени, приближно 10-тина минути.

4.Од печената кора отстранете ја хартијата и оставете да се олади, па пресечете ја на половина, да добиете две кори.

5.Филување: кора, 3-4 лажици мармалад од кајсии, кора, 2 лажици мармалад (тенок слој), кокос. Сечете коцки и послужете. Постапката погледнете ја ОВДЕ.