Сличен е на чоколадниот колач кој е еден од најмеките и најсочните десерти од нашето детство. Многу е лесен за подготовка, а се прави од неколку состојки со мерки на чаша. Како мерка се користи шолја од 200 мл, класична, а излегуваат многу парчиња. Доколку сакате цимет и џем во десертите, веднаш направете го. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ПРВ РЕЦЕПТ): 2,5 чаши брашно, 1,5 шолја шеќер, 1,5 шолја газирана вода или млеко, 1 шолја џем од кајсии, 2 лажички сода бикарбона, 2 лажички цимет или по желба, 1 лажица какао. За премачкување: 8 лажици џем од кајсии, 100 г чоколадо за готвење. За глазура: 100 г чоколадо, 4 лажици масло.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ВТОР РЕЦЕПТ): 2 шолји (од 200 мл) брашно, 1 шолја шеќер, 1 кесичка сода бикарбона (20 г), 2 лажички цимет, 4 полни лажици џем (од сливи или каков сакате), 1 ½ шолја вода. ЗА ГЛАЗУРА: неколку лажици џем за премачкување, 200 г чоколадо, 4 лажици масло.
ПОСТАПКА ЗА ПРВИОТ РЕЦЕПТ: Во подлабок сад соединете ги следниве суви состојки и измешајте со шпатула – брашно, цимет и какао. Во друг сад измешајте ја газираната вода со џемот. Се меша сè додека да се растопи џемот и да се соедини со газираната вода.
Додајте ја сода бикарбоната, измешајте сè, па прелијте ја смесата во садот со суви состојки. Соединете во компактна смеса, а потоа излејте во плех со димензии 33×23 (или плех со слична големина), малку набрашнет и намастен, се излева половина од смесата и добро се распоредува.
Смесата треба да биде со ретка густина, пополека да ја излевате во плехот. Се пече во претходно загреана рерна на 200 степени сè додека да фати коричка одозгора, отприлика 15-тина минути.
По изминатото време, се вади од рерна и се премачкува со џемот. Џемот треба да е мек, отстојан на собна температура за лесно да се мачка врз кората. Доколку џемот не е мек додајде 1-2 лажички топла вода и добро измешајте го, да се разреди.
Изрендајте го чоколадото преку џемот. Потоа прелијте со втората половина од смесата, но полека да истекува и секаде да се распореди (излевајте ја смесата преку лажица, за да не се направи дупка во колачот). Не мора вие да ја развлекувате смесата дополнително, за чоколадото да си остане онаму каде што сте го изрендале.
Колачот вратете го на печење. Печете уште 15 минути. За да проверите дали колачот е печен, користете чепкалка за заби, но само за горниот слој. Не навлегувајте премногу длабоко бидејќи ќе го опфатите и делот со џем.
Колачот не треба да се пече премногу долго бидејќи ќе се исуши. Треба да остане сочен, воздушен и мек. Ако се пече долго време, топлиот воздух ќе помине низ дупчињата и ќе го исуши колачот одвнатре.
Испечениот колач прелијте го со растопена чоколада со масло (на пареа или директно на рингла) и оставете да се излади. Колачот може да се јаде и млак. / Рецепт на domaсireсeрti.net. Во продолжение прочитајте ја постапката за вториот рецепт, можеби повеќе ќе ви се допадне.
ПОСТАПКА ЗА ВТОРИОТ РЕЦЕПТ: Во подлабок сад се ставаат две шолји брашно, една шолја шеќер, две лажички цимет и една кесичка сода бикарбона. Добро се промешува. На страна се мешаат четири преполни лажици џен со 1,5 чаша вода, а потоа течноста се додава во сувите состојки.
Добро се промешува додека да се изедначи. Смесата се излева во плех со средна величина и се пече во претходно загреана рерна на 200 степени околу половина час. Врелиот колач веднаш се премачкува со неколку лажици џем, а одозгора се прелива со чоколадна глазура (200 г чоколадо се растопува на тивок оган со 4 лажици масло). Колачот се остава да излади. Фото и рецепт: Danijela Coso