Фотографија и рецепт на Грозданка
Израдувајте ги вашите деца со овие кифлички. Разубавете им го денот или можеби роденденот. Можете да ги претворите и во сендвичи, само пресечете ги на половина и ставете им кашкавал и шунка, можеби и кечап… Јас секогаш ги приготвувам за именденот на мојата Ангела.
Потребни состојки: 600-700 г брашно, 1 сув квасец, 200 мл млеко, 200 мл вода, 60 г путер, 15 г сол, 25 г шеќер, 2 јајца. За декорација: суво грозје, црн пипер во зрно
Постапка: најпрво млекото, водата и шеќерот загрејте ги, па во топлото млеко додајте путер и мешајте да се растопи. Во друг сад промешајте просеано брашно, квасец и сол, па потоа во оваа смеса додајте го топлото млеко (со другите состојки) и јајцата (на собна температура, кои малку сте ги изматиле).
Замесете меко тесто и оставете го на топло за да стаса и да се удвои. Потоа само префрлете го на намастена работна површина и со оклагија развлечете дебела кора (со дебелина од 1,5 см).
Со тркалезна модла (пречник пд 8 см) вадете ги главите на медо и наредете ги во плех кој претходно сте го намастиле со путер.
Од остатокот од тестото направете помали топчиња за носот (засечете го на средина) и ушите. Ставете на носот зрно суво грозје и премачкјате ги печивата со јогурт (може и со жолчка).
Ставете ги да се печат на 180 степени околу 15-20 минути, во зависност од рерната додека да добијат златна боја. На крај поставете им ги очите од зрно црн пипер.