-Овој режим на исхрана е доста ригорозен, но за седум дена значително се намалува тежината. Во текот на оваа диета не смее да се јаде леб, а барем еднаш во текот на овие седум дена задолжително е говедското месо.
Диетата ја осмислиле во една американска болница за кардиоваскуларни болести, за тешко срцеви болни кои морале итно да ослабат пред операција.
Во основа на диетата која трае седум дена, е една специјална супа која помага многу брзо да согорат мастите. За седум дена, доколку примено се придржувате на менито, би требало да ослабете најмалку 5-6 килограми. Ако забележите дека премногу брзо слабеете, прескокнете ден или два пред да продолжете со спроведувањето.
Ако сте направиле ваква пауза, диетата продолжете ја повторно од првиот ден. Многу е важно да се спроведува менито според пропишаниот редослед. Не смее да се прескокнува или менува редоследот на оброците и деновите.
За време на диетата не смее да се пие алкохол поради процесот на топење на масните наслаги во организмот. Во деновите кога е пропишано говедско месо, истото може да се замени со пилешки гради печени на скара и риба (туна, скуша). Но, многу е важно барем еден ден да јадете говедско поради неговите специфични состојки потребни за процесот на согорување на мастите. За време на диетата се забранува јадење на леб!
Потребни состојки за супа:
800 мл доматно пире од конзерва
1 ½ литри вода
2 супи од кесичка (кокошкина или говедска)
Сол, вегета, коцка за супа
2 големи зелени пиперки (може и жолта и црвена)
6 големи главици млад кромид
500 г зелка
1 кг корен и лист од целер
Супата можете да ја посолите, запиперете и да додадете зачински билки по вкус.
Постапка:
Зеленчукот измијте го и исечете го на помали парчиња, па сварете го на силен оган приближно околу 10 минути. Потоа намалете ја температурата и гответе додека зеленчукот да омекне. На крајот додадете ги зачините и супите од кесичка, како и доматното пире.
Супата можете да ја јадете во текот на целиот ден, кога и да почувствувате глад.
ПРВ ДЕН
Јадете само овошје и супа. Можете да јадете било кое свежо овошје освен банана. Во зависност од годишното време преферирајте овошје со голем процент на вода а ниска содржина на шеќер. Портокалите и мандарините се одлични за овој период. Можете да пиете и незасладен чај.
ВТОР ДЕН
Јадете само зеленчук. Можете да изедете колку што сакате свеж или конзервиран зеленчук. Обидете се да јадете повеќе темнолистест зеленчук (салата, спанаќ). Одбегнувајте грашок или печнка.
За вечера можете да се наградите со еден голем компир печен во лушпа (завиткајте го во алуминиумска фолија и печете го во рерна). Можете да го зачините со мала лажичка путер или кисела павлака. Овој ден не смеете да јадете овошје! Во текот на денот се подразбира дека треба да јадете супа.
ТРЕТ ДЕН
Јадете супа, овошје и зеленчук колку што ќе посакате. Ништо друго. Ако го почитувавте менито од првите два дена, веќе ќе ослабите 2-3 кг.
ЧЕТВРТ ДЕН
Јадете супа, банани и немасно млеко (може и јогурт или кефир). Можете да изедете најмногу три банани, а вода можете да пиете колку што ќе посакате. Бананите се богати со јагленихидрати (и доста се калорични), а истото важи и за млекото. Токму овој ден на организмут му се потребни калиум и јагленихидрати, како и калциум и белковини, за да немате желба за благо.
ПЕТТИ ДЕН
Јадете супа, говедско и домати од конзерва (може и свежи). Може да изедете приближно 200 г говедско и една конзерва домати или 6 свежи. Се препорачува говедски нарезок, брзо печен без масти или варено говедско. Обидете се да испиете најмалку 6-8 чаши вода, за да овозможите испирање на киселините од организмот. Супа јадете барем еднаш во денот.
ШЕСТИ ДЕН
Јадете супа, говедско и зеленчук, колку што сакате. Можете да изедете 2-3 говедски парчиња со спанаќ, блитва или зелена салата. Супа јадете барем еднаш во денот.
СЕДМИ ДЕН
Јадете супа, интегрален ориз сварен во вода и зачинет по желба, зеленчук но без масло. Може да пиете овошен сок без шеќер и секако пијте доста вода.
Пред почеток на било каков диетален режим, консултирајте се со вашиот матичен лекар и вашиот нутриционист!