Фото и рецепт: Палачинка
Потребни состојки: 3 пудинг од ванила, 600 мл млеко, 200 г шеќер, 250 г маргарин/путер, 200 г бисквити, 300 г медени срца, 500 г банани и 200 мл слатка павлака. Чоколадо за декорација (по желба, не мора)
Постапка: Пудинзите разматете ги во малку млеко со шеќерот, а остатокот ставете го на оган да зоврие. Во врелото млеко постепено додадете го изматениот пудинг и варете со постојано мешање додека да се згусне. Оставете целосно да излади. Путерот пенасто изматете го, па додадете го во изладениот пудинг и убаво соединете го.
Во меѓувреме искршете ги бисквитите, меденото срце исечкајте го на ситни коцкички, а исто така, исечкајте ги и бананите. Убаво промешајте го со филот и убаво соединете. На крај изматете ја слатката павлака во шлаг и филувајте ја тортата. По желба украсете одозгора со рендано чоколадо.