Фото и рецепт на Билјана Филиповиќ – медењаци. Овие колачи-кекси со мирис на цимет и вкус на мед се многу популарни особено за божиќните и новогодишните празници. Тогаш сè мириса волшебно  на овошни ноти, цимет, портокал, јаболка, мед…

Потребни состојки: 4 јајца, 4 шолји шеќер, 4 шолји масло, 2 лажици мед, 2 лажички сода бикарбона, 1 лажичка цимет, 2 ванилин шеќер, малку каранфилче, брашно околу 800 г. За глазура: 1 белка од јајце, 200 г шеќер во прав и неколку капки лимон. Шолјата за мерење е од 100 мл.

Фото и рецепт на Билјана Филиповиќ

Постапка: Пенасто изматете ги јајцата, па постепено додадете го шеќерот и продолжете со матење додека тој целосно да се растопи а јајцата да побелат и згуснат. Потоа постепено додадете четири шолји масло, две големи лажици мед, две лажички сода бикарбона, една лажичка цимет, две кесички ванилин шеќер, а може да ставите и малку каранфилче за мирис.

Фото и рецепт на Билјана Филиповиќ

Во целата смеса постепено додавајте го брашното и мешајте со лажица. Додавајте брашно и мешајте со лажицата додека можете, а потоа продолжете го месењето со рака. Убаво изработете го тестото додека да стане мазно и лесно да може да се формира.

Фото и рецепт на Билјана Филиповиќ

Потоа од него кинете парчиња, формирате топчиња со големина на орев, или развлечете кора и вадете форми со разни модли. Редете ги во плех обложен со хартија и печете ги во загреана рерна на 180 степени, не многу долго, 10-тина минути.

Фото и рецепт на Билјана Филиповиќ

Одозгора можете да ги шарате како што сакате, со чоколадна глазура, но и со популарната бела глазура која со додавање на прехрамбени бои можете да ја боите како што сакате. Белката од јајце пенасто изматете ја, а потоа додадете 200 г шеќер во прав.

Фото и рецепт на Билјана Филиповиќ

Продолжете со матење додека да се изедначи убаво, а пред крајот додадете и неколку капки лимонов сок. Ставете ја смесата во кеса за замрзнување храна, внимателно потсечете го сосем малку еден од аглите, па со истинување правењето ги посакуваните шари. Оставете добро да се исуши глазурата пред послужување на колачите.

А ова е еден класичен рецепт за новогодишни колачи: 300 г брашно, 100 г маргарин или путер, 1 јајце, 100 г шеќер, 1 ванилин шеќер, 1 кесичка прашок за печиво, половина лажичка цимет и четири лажички мед. За глазура: 1 белка, 200 г шеќер во прав и 1 лажица лимонов сок.

Постапка: Сите состојки убаво соединете ги со рака додека да добиете фино мазно тесто. Покријте го со проѕирна фолија и оставете го половина час да одмори. Потоа развлечете го во кора со оклагија и вадете разни фигури. редете ги во плех обложен со хартија и печете ги во загреана рерна на 180 степени околу 10-15 минути. откако ќе зиладат декорирајте ги со глазурата. приготвувањето ан глазурата е опишано во претходниот рецепт.

Медени колачи можете да приготвите и според следниот рецепт: 120 г шеќер, 100 мл вода, 100 г путер, 1 ванилин шеќер, 3 полни лажици мед, 380 г брашно, половина кесичка прашок за печиво, половина лажичка сода бикарбона, лажичка цимет или зачин по вкус.

Постапка: Водата и шеќерот треба да вријат 2-3 минути. тргнете го садот на страна па додадете путер, ванилин шеќер и мед. мешајте додека да се растопат и соединат состојките. на страна во дриг сад измешајте ги сите суви состојки, а потоа сите заедно соединете ги. мешајте со жица за матење.

Смесата можеби ќе ви се чини дека е мека, но откако ќе отстои најмалку еден час во фрижидер, убаво ќе се стегне и ќе може убаво да се формира. Потоа кинете од тестото и со дланките формирајте топчиња со големина на орев, редете ги во плех обложен со хартија и печете ги во загреана рерна на 180-200 степени околу 10-12 минути.

coolinarika.com