Рецепт и видео презентација на Мои Домашни Рецепти: Комбинации со мед кои ќе го подобрат вашиот имунитет.

Потребни состојки:

500 мл мед, 100 г ореви, 100 г бадеми, 100 г сува брусница, 1 лимон, 50 г лешници, 50 г индиски ореви.

Постапка:

Лимонот добро измијте го и истријте го сода бикарбона, па исплакнете го под млаз ладна вода. Исечете го на парчиња заедно со кората и отстранете ги семките.

Во блендер ставете го исечениот лимон и додадете 100 г ореви, 100 г бадеми, 5о г лешници и 50 г индиски ореви. Сомелете ги состојките додека убаво да се соединат.

Смесата истурете ја во посебен сад, а во блендерот ставете 100 г сува брусница, па неа сомелете ја. Додадете ја во претходната смеса, прелијте со 500 мл течен мед и убаво промешајте додека да се изедначат состојките.

Добиената смеса складирајте ја во стаклена тегла и чувајте во фриидер. Возрасни консумираат по една супена лажица наутро и навечер, а деца над три години по една лажичка дневно. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото:

https://youtu.be/eHj1OPHz-DQ