Фото и рецепт: Вукица Мијиќ

Одличен, брз и едноставен колач – многу вкусен.

Потребни состојки:

1 литар млеко
1 шолја (од 250 мл) густин
1,5 шолја шеќер (околу 300 г)
5 лажици какао во прав
50 г путер
3 лажици мед
1 кесичка ванилин шеќер
околу 30 парчиња бисквити, по можност чоколадни

Постапка:

Во поголем сад измешајте густин, шеќер, какао и ванилин шеќер. Млекото загрејте го да биде млако, па малку по малку дотурајте го во смесата со густин. Мешајте постојано, па ставете го на оган да се свари додека да згусне.

Додека е топол кремот додајте путер и мед, па мешајте додека да се растопат и соединат. Во калап 30х10 см обложен со проѕирна фолија, излејте ја топлата смеса ( настрана оставете 3-4 лажици), па внатре набоцкајте бисквити.

Премачкајте со остатокот од смесата, па наредете бисквити колку што е потребно за да се прекрие одозгора, прекријте со фолијата и оставете во фрижидер, најдобро преку цела ноќ.

Следниот ден извадете го колачот, превртете го на тацна за послужување и украсете го по желба.

Сечете на парчиња и уживајте во вкусот.