Ракот на простата, покрај туморот на белите дробови и дебелото црево, е еден од најчестите карциноми кај мажите.
Bo процесот на лечењето, заболените од карцином на машката полна жлезда примаат хормонска терапија која го блокира производството на тестостеронот, поради што доаѓа до ослабување на коските и чести скршеници.
Иако е познато дека калциумот е неопходен за здравјето на коските, сепак не им се препорачува на лицата заболени од карцином на простатата. Неодамна спроведеното истражување покажало дека co земањето дополнителни количини на тој материјал ја редуцира густината на коските.
Имено, високото ниво на калциум го намалува влијанието на активниот витамин Д, кој му помага на телото да го апсорбира тој минерал. Затоа, калциумот нема нинаков ефект на здравјето на коските и се препорачува дури пo хормонската терапија.
Исто така, би требало да го одбегнуваат лица кои имаат проблем co бубрезите, бидејќи co консумирањето поголеми дози (повеќе од препорачаната дневна доза) доаѓа до негово таложење во тие органи и до формирање камења.