Маж ми моли да го правам јадењево секој ден – резултатот е неверојатен. Мора да го пробате ова. Овој рецепт го правам 60 години! Прво мајка ми, сега јас! Вкусно и брзо. Сите го бараат овој рецепт. Само измешајте ги сите состојки. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
1 главица зелка
1 морков
3 пиперки
2 главици црвен кромид
3 чешниња лук
магдонос или целер
500 грама мелено месо
200 грама измиен ориз
100 грама ситно сечкано суво месо
сол
2 лажички мелена слатка пиперка
мелен црн пипер
Постапка: отстранете го коренот од зелката и гответе ја во солена вода околу 30 минути. Откако ќе ја подварите зелката извадете ја од водата, исцедете ја, па одвојте ги листовите.
Сиот зеленчук исечкајте го најситно што можете, па измешајте го со меленото месо, оризот и сувото месо и зачинете по вкус.
Од листовите вадете го тврдиот средишен дел, и поделете ги на половина ако се големи.
Полнете ги со фил и виткајте ги како ролатчиња, така што прво ќе ги подвиткате краевите за да не истекува филот. Намастете го плехот или тепсијата и наредете ја полнетата зелка.
Измешајте концентрат од домати со 500 мл вода. Прелијте ја полнетата зелка. Покријте со фолија и печете во рерна околу 90 минути во загреана рерна на 200 степени.
Сето залијте со кисела павлака. По желба во павлаката може да се додаде 1 јајце и малку сирење. Печете во рерна уште 30 минути.
Има совршен вкус. Вашите гости и домашните ќе бидат воодушевени од овој специјалитет. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ.