Потребни состојки:

150 г шунка по избор

150 г кашкавал

150 г кисели краставички

3 јајца

½ чаша масло

1 ½ чаша млеко или јогурт (може и половина од едното и другото)

1 ½ чаша брашно

½ кесичка прашок за печиво

Сол по потреба

Постапка:

Исечкајте ја шунката, кашкавалот и краставичките. Изметете јајца, додадете сол, брашно, масло и јогурт или млеко.

Додадете печиво, сечканите намирници и сол потреба. Печете во намастена тепсија на 200 степени, додека да зарумени. Послужете со јогурт.