Денес подготвувам еден многу вкусен ручек кој на маж ми му е омилен. Не знам каде го најдов рецептот, но знам дека откога првпат го направив сопругот беше воодушевен од мене како да сум подготвила златно јадење.
Питата се прави со моркови и бело месо, а не треба да месите тесто туку само со готови кори премачкувате и ставате на печење. Ќе бидете воодушевени колку брзо се подготвува, а уште повоодушевени од вкусот на овој прекрасен ручек. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 500 г кори за пита, 500 г бело месо, 500 г моркови, 2 главици кромид, сол, црн пипер, сув зачин (вегета), 150 мл масло. За премачкување: 2 јајца, 1 лажица брашно, 50 мл масло, 400 г кисело млеко (може и павлака или јогурт), 100 мл млеко и 1 лажичка прашок за печиво.
ПОСТАПКА: Кромидот излупете го и исечкајте го на ситни коцки, па ставете го да се пропржи во малку масло. Изрендајте ги морковите и оставете ги настрана додека малку да омекне кромидот во маслото, нешто пред да кристализира. Потоа во тенџерето додајте ги ренданите моркови и промешајте и тие малку да се запржат.
После 1-2 минути пржење се додава белото месо, претходно исечкано на помали парчиња и се пржи додека го испушти својот сок. Ако месото ви е исечкано на мали парчиња ќе се испржи за многу кратко време.
Зачинете по вкус со сол, црн пипер и вегета и промешајте. Филот кога ќе биде готов оставете го настрана и подгответе го преливот. За прелив: Во еден сад ставете ги јајцата, киселото млеко, а ако немате кисело млеко може да ставите 300 г кисела павлака или јогурт.
Додајте го маслото, брашното, млекото и прашокот за печиво. Измешајте ги сите состојки до соединување и потребно е да добиете смеса слична како на јогурт со таква густина. Доколку смесата ви е погуста, може да ја разредите со млеко.
Во плехот каде што ќе ја печете питата премачкајте со масло и одозгора ставете една кора. Премачкајте ја со намазот, па ставете втора кора и повторете ја постапката. На третата кора ставете малку од филот и така продолжете да редите додека да ви се потроши смесата со бело месо.
Се реди кора која се премачкува со прелив, па филот со бело месо и на крај завршувате со две празни кори. Краевите од корите може да ги гужвате или да ги пресечете. Кога ќе ги ставите сите кори, исечете ја питата на коцки со остар и тенок нож и прелијте одозгора со преливот кој што ви останал.
Оставете така питата да отстои 20 минути додека рерната се загрее на 220 степени и печете 30 минути додека да зарумени и фати коричка. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.