Кога немате многу време, а сепак сакате да приготвите нешто вкусно – ова е рецептот кој ви е потребен.
Потребни состојки:
150 г шунка по избор
150 г кашкавал
150 г кисели краставички
3 јајца
½ чаша масло
1 ½ чаша млеко или јогурт (може и половина од едното и другото)
1 ½ чаша брашно
½ кесичка прашок за печиво
Сол по потреба
Постапка:
1.Исечкајте ја шунката, кашкавалот и краставичките.
2.Изметете јајца, додадете сол, брашно, масло и јогурт или млеко.
3.Додадете печиво, сечканите намирници и сол потреба.
4.Печете во намастена тепсија на 200 степени, додека да зарумени.
Послужете со јогурт.
Coolinarika.com