Маслиновото масло е основна состојка на секоја медитеранска исхрана. За бенефитите кои маслиновото масло ги има врз нашето здравје доста се знае, но што велат научните истражувања – Издвојуваме пет предности на маслиновото масло врз човековото здравје.
Маслиновото масло е богато со здрави масти. Тоа е природно масло добиено од маслинките, плодови на маслиновото дрво. Околу 14% од маслата се заситени масла, додека 11% се полинезаситени, како што се омега-6 и омега-3 масни киселини. Но, 73% од маслиновото масло е составено од олеинска киселина.
Студиите покажуваат дека олеинската киселина ги смирува воспалителните процеси, па дури има и благотворни ефекти врз гените кои се поврзани со потенцијална појава на рак. Мононезаситените масти се исто така доста отпорни на силна топлина, што маслиновото масло го прави здрав избор за готвење.
Маслиновото масло содржи големи количини антиоксиданти. Тоа е многу хранливо масло и покрај корисните масни киселини содржи витамин Е и витамин К. Исто така, маслиновото масло содржи и многу важни антиоксиданти. Овие антиоксиданти можат да го намалат ризикот од хронични болести.
Покрај тоа, тие помагаат во борбата против воспаленија и помагаат во заштитата на холестеролот во крвта од оксидација – две предности кои го намалуваат ризикот од срцеви болести. Маслиновото масло помага во спречување на мозочен удар.
Во развиените земји мозочниот удар е втора најчеста причина за негативен исход на кардиоваскуларните болести, веднаш зад болестите на срцето. Врската помеѓу маслиновото масло и ризикот од мозочниот удар детално е проучувана.
Голема студија направена врз примерот од 841.000 луѓе покажала дека маслиновото масло како голем извор на мононезаситени масти може да помогне во намалување на ризикот од мозочен удар и срцеви болести. Едно друго истражување во кое учествувале 140.000 испитаници докажало дека оние кои консумираат маслиново масло секојдневно имаат многу помал ризик од мозочен удар од останатите.
Антиоксидантите во маслиновото масло имаат антиканцерогени својства. Луѓето во медитеранските земји имаат помал ризик од некои видови на рак, а многу истражувачи веруваат дека причината за тоа е токму маслиновото масло. Антиоксидантите во маслиновото масло може да го намалат оксидативното оштетување за кое се верува дека е водечки тригер на ракот.
Многу испитувања правени во лабораториски услови покажуваат дека соединенијата во маслиновото масло може да помогнат во борбата против клетките на ракот. Маслиновото масло може да го намали ризикот од дијабетес тип 2.
Некои студии покажале дека маслиновото масло е добро како заштита против дијабетес тип 2. Тие го поврзуваат маслиновото масло со благотворните ефекти врз нивото на шеќерот и чувствителноста на инсулин.
Едно клиничко испитување направено во Шпанија ги потврдило ефектите на маслиновото масло во превенција од дијабетес тип 2. Имено, во оваа студија луѓето кои практикувале медитеранска исхрана која е богата со маслиново масло имале помал ризик од дијабетес тип 2 за преку 40%.