Рецептот го пронајдов на турски канал, го нарекуваат Симит масленица, го испробав, многу ми се допадна погачата и затоа ви ја пренесувам.
Количината на состојките е за две пити.
Потребни состојки:
1 кг брашно
2 чаши млеко
1 чаша јогурт
1/2 прашок за печиво
1 лажичка сол
40 г квасец
Масло
Постапка:
Сите наведени состојки се ставаат во сад со маталки за месење и се меша додека се добие убаво мазно тесто.
Ако немате миксер за тесто, измесете го со раце и потоа оставете го да кисне покриено со проѕирна фолија, на топло место околу половина час.
Тестото префрлете го на побрашнета работна површина и поделете го на приближно еднакви 8 делови. Од секои осмини направете топче (по 4 за секоја пита).
Секое топче развлечете го во кора со величина на чинија.
Секоја кора одозгора ја премачкуваме со масло и малку ја тегнеме со раце, ја поклопуваме со следна кора и убаво ги спојуваме краевите. Не ја мастиме само последната, четвртата кора.
Потоа со оглагија се развлекува колку може потенка кора, водејќи сметка да не се одвојат поврзаните краеви.
Кората се премачкува со масло и се витка како ролат, а потоа како полжав.
Се става во тавче обложено со хартија и се остава покриено да кисне 10-15 минути. Во меѓувреме на ист начин се приготвува и втората погача.
“Полжавот” со оклагија одозгора се развлекува во кора, се враќа во тепсијата и се премачкува со едно изматено јајце.
Потоа со виљушка се боцка на повеќе места и се става на печење во загреана рерна на 180 степени околу 30-35 минути или додека да биде печена, во зависност од рерната.
Деталите погледнете ги во видеото: