Предменструалните симптоми (ПМС) се реалност за секоја жена, но и за мажите. Тие понекогаш не веруваат и се убедени дека станува збор за фрустрации и начин со кој жените сакаат да ги одбегнат авантурите, како што се на пример, дружењето со нивните родители, средувањето на куќата или сексот. Сепак, женскиот ПМС е реалност…

Кај некои жени „овие денови“ се помалку изразени, додека некои ги преживуваат секој месец сите симптоми од почеток до крај.

Во секој случај, жените со задоволство би се ослободиле од нив, а кога ќе ги здогледаат закрвавените очи на своите разбеснети жени, веруваме дека истото ќе го посакаат и мажите…

Ова е краток водич за полесно разбирање на нивните маки, но и за успешно заобиколување на сите опасни „мини“ на ПМС-от.

ПСИХА

Повеќето жени во текот на тие денови се посебно раздразливи. Тогаш важи: „Се мразам себе и светот околу себе“. Да, тоа може да се однесува и за вас. А при тоа може да сте ни виновни ни должни.

Тие денови со жените владеат хормоните. Брзо се лутат, ги губат нервите, паѓаат во лесна депресија…не можете да им помогнете. Само бидете свесни дека воопшто не сте виновни, и што е најважно, немојте дополнително да ги дразните. Кој знае, што би можело да се случи?

ГЛАВОБОЛКА

Многу жени во овие денови патат од силни главоболки. Во повеќето случаи не помагаат ни таблетите против болки. Тоа не е измислица. Исто така, не е изговор за одбегнување на сексот. Тоа е сурова реалност.

iskulirajte ako joj nije do seksa / foto: thinkstock

ТЕШКИ НОЗЕ

Некои жени патат од болки во нозете кои често се рефлектираат како „тешки нозе“. Станува збор за уморни нозе, а чувството донекаде потсетува на воспалени мускули од преголем физички напор. Најдобро што можете да направите во таков случај, е да ги измасирате стапалата на својата драга.

ПРОМЕНИ ВО ДОЈКИТЕ

На задоволство на секој маж, женските дојки за време на ПМС се зголемуваат. Тоа може да биде невидлива промена, но исто така, тие можат да изгледаат и поголеми од вообичаено па дури и за половина број или повеќе. Вие сте одушевени. Така добро и стојат, што вас просто ве мамат.

Само мала напомена: во текот на ПМС женските дојки болат, а брадавиците се хипер сензитивни. Бидете понежни од обично. Помирете се ако таа не сака секс.

ГРЧЕВИ

Многу жени пред менструацијата добиваат грчеви, кои се последица од контракциите на матката. Силината на болката може да варира, а омразата која ќе ја видите во нејзините очи, е последица токму на оваа болка.

 

МАЧНИНА

Одреден процент на жени при ПМС чувствуваат блага мачнина, која често е проследена со главоболка.

НАДУЕНОСТ

Се манифестира чувство на подуеност во пределот на стомакот. Жените се чувствуваат дебело како надуен балон. Во прашање е природна појава против која не се може.

ЖЕЛБА ЗА СЕКС

Многу чувствителна тема. Многу девојки со сите претходно наведени симптоми, во овие денови никако не помислуваат на секс. Меѓутоа, има и поинакви од нив.

Некои жени во овој период стануваат незаситни и диви. Повеќе се „запалени“ и полесно ги доживуваат оргазмите. Тоа исто така може да варира од месец до месец.

Едноставно препуштете се. Оставете таа да ја превзаме контролата, онолку колку што нејзе и одговара. Кој знае во што би можел да се претвори сексот? Можеби, и покрај негативните симптоми, сепак ќе го засакте ПМС-от?