Подготвивме неколку комбинации од мармалади со тиква, а вие одберете си кој најмногу ви одговара или споделете го вашиот рецепт.
Ако сакате да ја збогатите овогодишната зимница, направете мармалад од тиква и портокал според овој едноставен рецепт. Мармаладот од тиква и портокал е вкусен и многу здрав.
РЕЦЕПТ 1 (Фото и рецепт: Шехиза Дураковиќ Салкиќ)
Потребни состојки:
1,5 кг исчистена тиква
200 мл сок од јаболко
4 портокали
2 лимони
1 лажица ванилин шеќер
450 г шеќер
Мало парче ѓумбир
Постапка:
Тиквата излупете ја на коцки па гответе ја заедно со сокот од јаболко се додека да омекне. Потоа со рачен миксер изедначете ја смесата и гответе уште 15 минути со постојано мешање.
Потоа додадете го сокот од портокал и лимон, ванилин шеќер и шеќерот, па продолжете да готвите додека мармаладот да згусне. На крајот додадете рендан ѓумбир.
Мармаладот од тиква и портокал се складира врел во стерилизирани врели тегли, се затвора со капак и се остава во рерна уште 15 минути на 80 степени.
Потоа рерната малку се отвора за мармаладот постепено да се лади. Изладениот мармалад се чува до употреба на ладно и темно место.
РЕЦЕПТ 2
Потребни состојки:
4 портокали
2 лимони
400 г тиква
400 г шеќер
Постапка:
Портокалите и лимоните добро измијте ги во вода со малку сода бикарбона. Кората тенко излупете ја со нож за лупење компири или друг остар нож. Излупете го само тенкиот горен слој без белиот дел кој е горчлив. Овој бел слој отстранете го од плодовите, па и нив исечете ги во садот во кој ќе се готви џемот.
Излупените кори ситно исечкајте ги, па и нив додадете ги во овошјето.
Тиквата исечете ја на коцки, малку избланширајте ја 2-5 минути во врела вода, процедете, па и коцките од тиква ставете ги во садот заедно со другото овошје. Одозгора наросете го шеќерот.
На тивок оган варете го џемот, а пред самиот крај ставете го во блендер за убаво да се изедначи, а доколку сакате може и со рачен миксер, а кој сака нека си остави по некое парче овошје цело.
Сварениот џем кога е готов, врел се собира во топли тегли, па се остава во рерна некое време да фати коричка. Потоа се затвора.
РЕЦЕПТ 3 (Јелена Николиќ)
Потребни состојки:
500 г исчистена тиква
500 г исчистени јаболка
500 г исчистени дуњи
150 мл вода
750 г шеќер
3 ванилин шеќер
Постапка:
Тиквата исчистете ја, отстранете ја кората, исечете ја и измерете ја. Дужите и јаболката измијте ги, исчистете ги, исечете ги, не ги лупете и измерете ги.
Во длабок сад ставете ја тиквата, јаболката, дуњите, шеќерот и водата. Гответе на умерена температура додека плодовите да омекнат а водата малку да испари.
Тргнете од оган, промешајте со рачен миксер или блендер. Вратете на оган и гответе на умерена температура со постојано мешање, додека да се добие саканата густина. Готово е кога лажицата остава трага на дното од тенџерето.
Или, извадете лажица џем, ставете на тацна, изладете, па направете со лажицата линија – ако линијата останува, тогаш џемот е сварен. Пред крај на готвењето додадете го ванилин шеќерот.
Измиени и суви тегли ставете во рерна и вклучете на 100 степени. После половина час извадете ги теглите, оставете малку да се подизладат, неколку минути. Топлиот џем собирајте го во топли тегли. Вратете ги теглите во исклучената, а топла рерна да отстојат уште половина час. Извадете ги, добро затворете ги, завиткајте ги во ќебе или печкир, па оставете ги така да се ладат.