Марија Спасовска користи знаковен јазик во новиот спот: „Сакам и тие што не слушаат да знаат што пеам“ – Мудри зборови напишани и испеани од дете со богатство во срцето…

Минатогодишната претставничка на Детската евровизија, Марија Спасовска која ја пееше песната “Дома” во продукција на Дарко Димитров и текст од Елена Ристеска објави Нова песна на својот YouTube канал.

“Сакам” е новата песна од Марија Спасовска co која порачува “Човекот co срце да гледа, да исчисти очи од гордост и беда”.

Текстот на оваа балада е од Марија Спасовска, а музиката и аранжманот се на познатиот Роберт Билбилов. Видеото кое дополнително ја надополнува убавината на приказната е во режија на Зоран Зонде Стојановски.

Интересен е фактот што Марија во видеото употребува знаковен јазик, сакајќи оваа песна co својата силна порака да допре до секој човек, за да можат да слушаат сите, дури и тие што не можат да слушаат.

Bo продолжение погледнете го видеото…

Music: Robert Bilbilov
Lyrics: Marija Spasovska
Producer:  Robert Bilbilov (Just RB Production)
Back vocal: Marija Spasovska, Robert Bilbilov
Video: Zoran Zonde Stojanovski

Lyrics:

Сакам жолто со златна боја жито
Сакам леб од топли раце за ситост
И човекот со срце да гледа
Да исчисти очи од гордост и беда
Сакам жолто со златна боја жито

Реф:

Нашето време
Како песок тече
Во еден правец
Неповратен се влече

Сакам море во облаци што плови
Светла ѕвезда со љубов да ме води
И човекот со срце да гледа
Да исчисти очи од гордост и бед
Сакам жолто со златна боја жито

Реф:

Нашето време
Како песок тече
Во еден правец
Неповратен се влече