Соња Соколовиќ, дипломиран педагог, открива како после многу години успеала да се избори со тешките симптоми на болеста која и го загрозувала животот.
Всушност, со помош на сурова исхрана, дипломираниот педагог Соња Соколовиќ, успеала да го победи ангиоедемот и егземата, додека јазлите во тироидата исчезнале. Ова е нејзината приказна.
“Моите први здравствени проблеми започнаа во 1995 година кога ја изиритирав кожата од металниот дел на сандалата. После некое време, жулот се инфицираше и на тоа место се појави рана – пиодермија.
Откако ја излекував раната, на лузните од пиодермијата започнаа да се појавуваат осипи – егзема. Тоа траеше со години – раскажува Соња Соколовиќ, дипломиран педагог од Белград.
Соња не сака експонирање и затоа не ја споделила својата лична фотографија, но со своето искуство сака да помогне и затоа ја раскажува својата приказна.
-Барајќи помош, ги посетив сите познати доктори по класична медицина, но никој не знаеше која е причината, ниту како да се излекувам. Ми беше кажано дека доживотно ќе останат последици.
По неколку години, сосем случајно наидов на една многу совесна докторка. Таа ми направи алергиски тест на грбот, што дотогаш никој од претходните доктори не се сети да ми го направи.
Тестото покажа дека имам нависок степен на алергија од металот никел. Дотогаш, целата храна ја приготвував во садови од никел и веројатно на тој начин незнаејќи сум се затрула себеси.
Тогаш, кога Соња дознала што и ги предизвикува кожните проблеми, од докторката добила препорака и совет за понатамошно лекување. Меѓутоа, освен терапија, добила и упатство што мора да одбегнува.
-Не смеев да допирам метални кваки, парички, славини… Сите предупредувања ги почитував и промените од кожата се повлекоа. Но, тоа кратко траеше. Разочарано сфатив дека единственото решение на конвенционалната медицина е мачкање со кортикостероидните масти и креми – вели Соња и додава:
-Започнав да истражувам и да применувам природна медицина, разни мелени и слично, но ефектите беа краткотрајни.
Се појавиле и нови проблеми кои уште повеќе и го заслабнале организмот.
-Пред 12 години ми се појавија нови проблеми. Инхалационите алергии, со текот на годините достигнаа многу висок интензитет. Некаде кон средината на 2007 година, започнав да добивам напади на ангиоедем. Започнав со примање на препишаните лекови, но нападите не престануваа.
Посетив имунолог кој ми направи детални анализи, при што ми беше утврдено дека покрај високата алергичност на никел и инхалационата алергија, имам и јазли на штитната жлезда. Се појави и Хашимото.
“Будењето” на Соња де случило во 2010 година кога се вратила од болница. Тој момент кај Соња разбудил силни емоции и и’ дал сила да ја започне својата животна борба.
-Мојот син ги рашири рацете за да ме прегрне и пресреќен ми рече: “Мамичке, колку сум среќен, се врати жива!” Тие зборови ме освестија уште повеќе за да тргнам во борба за мојот живот. Донесов цврста одлука дека мора да оздравам. Веќе следниот ден започнав со истражување – истакнува оваа упорна жена.
После неколку денови истражување, Соња се заинтригирала за методот на лекување со сирова исхрана.
-Таа можност многу ме привлече. На мое големо изненадување, сфатив дека кај нас нема никој кој се занимава со таков вид на лекување. Моите родители живеат во Хрватска и таму најдов преку 20 книги на таа тема. Од август до ноември месец направив план и програм за моето оздравување. Не беше лесно да се започне со дијагнозите кои ги имав, но…
Пред осум години, на својот 45. роденден започнав да чекора, по патот на здравјето со сирово овошје и зеленчук, без никаков лек. Првиот месец ми беше тешко да се привикнам на новиот режим на исхрана. Храната слабо ми се вареше, постојано чувствував глад, ослабев… без разлика на пропратните појави, многу брзо започнав да чувствувам олеснување во грлото, што многу ми значеше и ми даваше поттик да продолжам – се потсетува Соња и продолжува:
-Така минуваа месеци, а подоцна и години, а мене ми беше се подобро и подобро. За изминатите осум години немав ниеден напад. Не се напив ниеден лек, ниту примив некаква инјекција.
Хашимото се повлече. Во јануари 2018 година првпат отидов на контрола. Докторот ми рече дека повеќе не сум болна. Егземата наголемо ми беше повлечена, имав уште неколку лузни на ногата кои се активираат кога телото се чисти.
Последнава година практикувам повеќедневни суви постови. Покрај сето тоа многу е важна и физичката активност. Ги променив своите уверувања и ставовите кои ги наследив од семејството и средината во која живеам. И натаму се хранам исто, претежно со зрели водени слатки овошки. Зелен лиснат зеленчук јадам повремено, како и малку семки и јаткасти плодови. Не користам сол, оцет, шеќер, ниту масло – вели госпоѓа Соколовиќ.