Дали е можно во една мала природна намирница да се наоѓаат толку лековити нутриенти? Станува збор за рогач, а на повозрасните лица им е многу добра позната билка. Рогачот е идеална храна “за преживување” бидејќи не бара некои посебни услови за складиштење, се прави без подготовки, а да не говориме за здравствените благодети.
Последниве години воскресна од заборавот и сега е познат како “здраво чоколадо” – рогачот е намирница која буквално лекува поради големата количина на антиоксиданти кои ги содржи, но поради хранливите материи.
Поради најмалку 6 антиоксиданти кои делуваат како заштитни средства за клетките, рогачот има значителен антиканцероген ефект кој спречува создавање на тумор. Изобилува со калциум, па на 100 грама содржи дури 350 мг калциум. На пример, млекото на 100 мл содржи само 130 мг калциум.
Рогачот не содржи оксална киселина како што содржи чоколадото (Оксалната киселина ја намалува можноста телото да го апсорбира калциумот). Иако рогачот е доста сладок, содржи 60% помалку калории од чоколадото. Содржи висок процент на природен шеќер.
Содржи витамини од групата Б, калциум, магнезиум, фосфорна киселина, железо, бакар, хром…Содржи танини, влакнести супстанции како што е лигнинот кој го сузбива холестеролот, а има и позитивни ефекти на глукозата во крвта и се користи против дијабетес и дебелина.
Рогачот е исто така полн со растителни влакна кои обезбедуваат правилно варење на храната и го смируваат желудникот. Не содржи глутеин, ниту кофеин.ТЕРАПЕВТСКИ ДЕЈСТВА НА РОГАЧОТ:
Се користи во лекување на астма, бидејќи усшешно ја сузбива кашлицата и настинката, па затоа се користи како база на многу сирупи против кашлица. Поради ноското ниво на масти е идеална намирница за сите кои се на диета.
Рогачот исто така го подига либидото, но и бројот на сперматозоиди.За разлика од чоколадото, не ги влошува симптомите на стрес, плитко дишење и аритмија.