Едно од највкусните јадења. За полнење може да користите бабури или обични зелени или црвени пиперки.
Потребни состојки:
400 г мешано мелено месо
2 лажици ориз
1 лажица ситно сечкано суво месо или сланина
1 лажица ситно сечкан магдонос
1 чешне лук
1 јајце
масло
500 мл доматено пире
сол, црн пипер, сув зачин (вегета)
Постапка:
Со оглед на тоа што користам домати од дворот, истите ги пасирам непосредно пред приготвувањето на јадењето.
На врело масло ставам една лажица шеќер, па кога ќе почне да се карамелизира додавам ситно сечкан лук и исечканиот домат, па малку посолувам. Ова го готвам толку долго, додека лушпата да почне сама да се одвојува од доматот.
Потоа целата содржина ја пасирам. Секако, во овој рецепт можете да користите и готово доматно пире. Пиперките исчистете ги и исечете ги како буренца со должина од 5-6 см. Може да користите црвени, зелени и жолти пиперки.
На масло кратко пропржете го оризот, па додадете го во меленото месо на кое претходно сте му додале едно јајце, суво месо, магдонос, лукче, вегета, црн пипер и по потреба малку сол. Добро измешајте да се изедначат вкусовите.
Со вака приготвената смеса полнете ги пиперките. Во длабока тава загрејте масло, па во неа кратко запржете ги полнетите пиперки од едната и од другата страна.
Потоа прелијте ги со доматното пире, додадете гранче магдонос, па гответе на тивок оган околу 60-90 минути, а по потреба додадете уште малку доматно пире или вода (ако е прегусто).
Ако нивото на пасираниот домат е помал од висината на пиперките, тогаш на половина готвење превртете ги внимателно. Полнетите пиперки на истиот начин можете да ги наредите во соодветен плех, да ги прелиете со доматно пире и да ги испечете во загреана рерна на 200 степени околу 60-70 минути.
Кога ќе зоврие намалете ја температурата на 180 степени, а на половина печење извадете го плехот од рерна и превртете ги пиперките. Кога ќе се запечат и од другата страна, извадете ги од рерната. Послужете ги со компир-пире или по желба.
Coolinarika.com