Ова е највкусниот десерт кој што сум го пробала кој што е здрав и можам да го јадам без грижа на совест. Има ист вкус како да е правен со класични состојки како шеќер, брашно, масло. На почетокот не ми се веруваше ама морав да пробам.




Десерт со само три состојки кој се подготвува за една минута! Јадете без глутен, без шеќер и брашно и ослабете без гладување. Овој десерт може да се подготви за пет минути.




Многу лесно и здраво јадење со овесни снегулки. Овесот толку многу се соединува со чоколадото што не го остава оној брашнест вкус која го јадете. Многу ги сакам веганските рецепти за домашни слатки.




И овој рецепт за чоколадна торта со три состојки е вкусен и без глутен, јајца, млечни производи и не се пече. Овој колач со чоколадо и банана може да се подготви без шеќер за само 5 минути.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 180 г овесни снегулки, 2 банани (490 г, кората тежи околу 300 г), 2 големи лажици какао, 100 мл растително млеко (може да ставите и обично ако ви е поубаво), 100 г темно чоколадо без шеќер) и кокос за наросување.




Може да ставите и 200 г темно чоколадо, а во тој случај не додавајте какао и млеко. ПОСТАПКА: Овесните снегулки ставете ги во нелепливо тавче да се запржат без масло. Со повремено мешање, гответе ги околу 3 минути додека да потемнат.




Кога ќе почнат да ја испуштаат својата прекрасна арома може да ги тргнете од рингла и да ги префрлите во подлабок сад. Отсечете ги краевите на бананите и потоа извадете ја кората од нив. Исечкајте ги на ситни кругови и ставете ги во блендер.




Во блендерот изблендирајте ги додека да се направи течна паста без грутчиња. Потоа во пастата додајте го млекото и какаото и уште малку изблендирајте да се соедини целата смеса. Чоколадото исечете го на помали парчиња и ставете го во микровална печка да се стопи 3 минути или на пареа.




Чоколадото и кремастата паста од банана додајте ги во запржените овесни снегулки и сè добро измешајте до соединување. Вака подготвената смеса префрлете ја во калап со флексибилен обрач, обложен со хартија за печење и пречник од 16 см или некоја слична големина и добро измазнете на површината.




Колачот ставете го во фрижидер да се стегне само 1 час, а потоа може веднаш да го послужите со сечење на триаголни парчиња. По желба одозгора може да наросите кокосови снегулки. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.