Мали питички со сирење како пирошки кои се прават со готови кори – одлична закуска! Еве што ви е потребно:
Потребни состојки:
500 г тенки кори за пита
250 г сирење
2 јајца
малку масло
и уште 100 мл за пржење (опционо)
Постапка:
1.Изматете ги јајцата со сирењето во пенаста смеса. Ако не е доволно компактна, додајте малку масло. Филот можете да го приготвите и според ваш вкус.
2.Корите за пита пресечете ги по должина на половина и филувајте ги.
3.Целата кора премачкајте ја по целата должина со фил од сирење. Свиткајте ги краевите убаво, за да не истекува филот, па свиткајте како ролничка.
4.Загрејте го маслото и пржете ги питичките од двете страни додека да заруменат.
5.Можете да ги печете во рерна во плех со хартија за печење, премачкани со малку масло.
Послужете со јогурт.