Оваа пита е сон на секој готвач. Денес ќе ви откриеме еден многу лесен трик како да направите пуфкаста пита за која нема да потрошите многу состојки. Со само 4 јајца и 10-тина листови готови кори ќе ја наполните тавата. Вкусна и висока пита.




Пробајте го мојот прелиен бурек, нема да ве разочара. Се приготвува толку многу лесно и едноставно, а крајниот резултат е мммм, не можете да престанете да јадете, толку е вкусно! Запишете си го овој рецепт и пригответе го за појадок, вечера, а може и за ручек, особено кога немате многу време.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 500 г кори за пита (околу 10 листови). За фил: 500 г мелено месо, 2 главици кромид, 1 рака магдонос, сол, црн пипер по вкус и 100 мл масло. За прелив: 200 мл јогурт, 200 мл газирана вода, 4 јајца и малку сол




ПОСТАПКА: Пропржете го ситно исечканиот кромид додека да омекне и да се карамелиза (да застакли). Додајте го меленото месо, посололете го и запиперете го по вкус. Пропржете го убаво на посилен оган околу 10-15 минути со повремено мешање.




Кога ќе ја смени бојата и ќе испари течноста, наросете ситно сечкан магдонос. Во намастен плех ставете две кори, па наросете од филот. Филот може да биде и врел, не мора да чекате да се излади. Потрошете го целиот материјал, па питата исечете ја на коцки.




Прелијте ја одозгора со претходно изматени јајца, јогурт и газирана вода. Оставете околу 15 минути преливот да се впие во питата. Ставете да се пече во загреана рерна на 200 степени околу половина час. Кога е реш печено, повторно исечете ја питата и послужете ја топла. не го пропуштајте и вториот рецепт:

II РЕЦЕПТ – Домашен бурек со готови кори – за 15 минути е готов, а поубав е од бурекчилница




Овој рецепт е подобар од купечкиот. Се приготвува многу брзо со готови кори и фил по желба, во случајот со сирење. Првиот рецепт е испробан неколкупати и одличен е, а исто така и вториот рецепт за кој има и линк со видео прилог. Прв рецепт за домашен бурек – Фотографија и рецепт на Вишња Вишња.




Потребни состојки: 1 пакување готови тенки кори, 150 мл вода (може и газирана), 50 мл масло, сол по вкус ако сирењето не е доволно солено и 500 г сирење.

Постапка: Водата, маслото и солта ставете на оган да зоврие. Првите две кори ставете ги во тепсија, но така што краевите ќе висат надвор. Премачкајте ги со масло и вода (користете силиконска четка или само напрскајте ги). Така редете ги следните кори и секоја исто премачкувајте ја.




Потоа филувајте со сирење и повторно редете кори и секоја преливајте ја. Кога ќе се потрошат сите кори, тогаш оние првите две што висат преклопете ги одозгора и убаво спакувајте ја питата. Ставете да се пече во претходно добро загреана рерна на 220 степени околу 30 минути.

Кога е печен бурекот превртете го наопаку и исечете го. Знам дека се признава само бурек со месо, а сето останато со сирење дека е пита или баница, па вие наречете го како сакате. Пријатно јадење!