Направете здрава зимница со највкусните македонски пиперки на брз и едноставен начин. Потребни состојки за 1 тегла: 10-11 пиперки везенки, 1 морков исечен на тркалца, 2 лажици сечкан магдонос, 2 лажички сечкано лукче, 2 лажички сол, 1 лажичка шеќер, 50 мл бел оцет 9% и ладна вода.
Постапка: пиперките добро измијте ги под млаз ладна вода, па исцедете ги. Направете по две-три дупки во секоја пиперка со врвот на остар нож. Магдоносот измијте го и ситно исечкајте го. Лукот излупете го, па и него ситно исечкајте го.
Ставете неколку пиперки во стаклена тегла, еден грст трклаца од моркови, малку магдонос и лук. Повторувајте ја постапката додека целосно да се исполни теглата. Ако пиперките се долги и не ги собира во теглата, тогаш пресечете ги на половина.
Кога ќе ги наполните теглите, завршете со сечкан магдонос и лук, па одозгора ставете две лажички сол, една лажичка шеќер, 50 мл алкохолна киселина 9% и дополнете со ладна вода. Водата треба да биде до врв, односно да го прекрива зеленчукот.
Затворете ги теглите со метални капаци и ставете ги во тенџере со вода (на теглите да им стасува до половината) и варете ги на умерен оган околу половина час. Кога ќе зоврие водата, после неколку минути внимателно со заштитна ракавица и крпа превртете ги врз капаците. На овој начин ќе ги пастеризирате. Оставете ги да изладат и вашата зимница е спремна.
РЕЦЕПТ 2. Брзи пиперки во тегла за зима, без конзерванси – вкусно и природно. Брз и едноставен рецепт кој нема да ви одземе многу време, а ќе си направите зимница во која ќе уживате: крцкави киселки пиперки полни со витамин Ц.
Потребни состојки за 1 тегла: 10-тина пиперки, 2 лажички морска сол, 1 лажичка шеќер, 30 мл бел оцет 9%, 1 лажичка сечкан лук, 1 лажица сечкан лист од свеж магдонос, ½ лажичка црн пипер во зрно и вода по потреба
Постапка: Пиперките измијте ги под млаз ладна вода и исцедете ги. Остранете им ги петелките и пробушете ги со врвот на остар нож, на 3-4 места.
Полнете ги теглите со 10-тина исправени пиперки, колку што може да собере. Одозгора ставете две лажички груба сол, една лажилка шеќер, 30 мл алкохова киселина 9%, една лажица сечкан лук и исто толку сечкан магдонос. По вкус додадете и прстофат црн пипер во зрно.
Теглите дополнете ги со вода и цврсто затворете си со метален капак. Протресете ги малку за да се растопат шеќерот и солта и да се соединат состојките. Едно пошироко тенџере наполнете го до половина со вода и ставете го на оган.
Теглите дополнете ги со вода и цврсто затворете си со метален капак. Протресете ги малку за да се растопат шеќерот и солта и да се соединат состојките. Едно пошироко тенџере наполнете го до половина со вода и ставете го на оган.
Наредете ги теглите во него за да се пастеризираат и варете ги по 15-тина минути од двете страни. Оставете ги да изладат, а после три седмици може да се конcyмираат.