Запечени тестенини со месо е еден од оние рецепти кои се добри кога веќе сè ви е здосадено и сакате полн вкус во устата. Тестенините не треба да се варат, па така ова јадење е уште полесно за приготвување. Месото можете да биде по ваш избор и вкус, исто како и зачините.

Потребни состојки: 500 г мелено месо по избор, 100 мл масло, 1 главица кромид, 400 г тестенини, 1 лажица црвен, мелен пипер, 1 лажица сув зачин (вегета), ½ лажичка сол, 1 лажица брашно, 500 мл вода, 500 мл млеко

Постапка: Исечкајте го ситно кромидот, па со малку вода, масло и сув зачин издинстајте го. Потоа додадете го меленото месо и чаша вода, па динстајте додека водата да испари.

Тргнете од оган, па додадете половина од водата, млекото и зачините. Брашното разматете го со вода за да нема грутчиња, па додадете го во претходно соединетата смеса.

Вклучете ја рерната на 200 степени. Во огноотпорен сад и керамичка подлабока тава ставете половина од тестенините, па рамномерно распоредете ја смесата со месото, па одозгора ставете го остатокот од тестенините. Сè плива и има многу вода, но така треба да биде. Во текот на печењето водата ќе испари, а тестенините еден дел ќе впие.

После половина час од печењето, внимателно со лажица промешајте до дното. Готово е кога водата ќе испари, потребно е да остане сосем малку на дното, за да биде јадењето сочно и кремасто. Пред крај може да изрендате кашкавал одозгора.

Domacirecepti.com