Сите ги вариме и ги сакаме макароните, но еве еден полесен начин и побрз, без да ги цедите, без да миете садови, туку едноставно ставате да се пече. Овој рецепт го научив од ќерка ми и презадоволна сум.
Потребни состојки:
500 г макарони
2 јајца
500 мл јогурт
сирење
1 литар газирана вода
путер или масло за намастување на тепсијата
Постапка:
Во тепсијата ставете 4-5 лажици масло или намастете со путер, па истурете ги макароните и промешајте.
Во еден сад ставете јајца, јогурт, дробено сирење, добро измешајте и прелијте ги макароните. Повторно добро промешајте ги макароните и додадете сол ако е потребно.
Потоа полијте ги рамномерно со газирана вода. Најдобро е да полевате во еден агол полека така да се прекријат макароните одозгора.
Покријте ја тепсијата со алуминиумска фолија и ставете ја во загреана рерна да се печат макароните околу 30 минути.
Извадете ја фолијата и оставете да се запечат уште неколку минути додека да заруменат.
Готови се за послужување.
ВАШИ КОМЕНТАРИ:
Коментар на Aleksandar Bruce Makedonski: “na 500 grama makaroni malku se 2 jajca, potrebni se 4-5 ili, na 100 grama makaroni- 1 jajce, zavisi od kalibraza.
poveke od 10 godini ovoj recept e vo nasata kujna, so mali izmeni, dopolnuvanja i modifikacii, i vo sekoja verzija u tavceto ne ostane nisto :D”
Коментар на Цветанка Томовска:
ПРАВАТА РЕЦЕПТА Е: 500ГР МАКАРОНИ 4-5 ЈАЈЦА 500МЛ МЛЕКО .
1Л КИСЕЛА ВОДА ГАЗИРАНА ,400 ГР. СИРЕЊЕ ,1ШОЉА МАСЛО ,
1 ПЕЦИВО , ЈАЈЦАТА СЕ МАТАТ , СИРЕЊЕТО СО ВИЛУШКА СЕ ГМЕЧИ , СЕ СТАВААТ МАКАРОНИТЕ ВО ПРАВОАГОЛНА ТАВА СЕ ЗАЕДНО СЕ СТАВА ВО ТАВАТА СЕ СТАВААТ МАТЕНИТЕ ЈАЈЦА , СИРЕЊЕТО , МЛЕКОТО , ПЕЦИВОТО ГАЗИРАНАТА
КИСЕЛА ВОДА СЕ МЕША УБАВО СЕ ВО ТАВАТА И СЕ
ПРОБУВА АКО НЕ Е СОЛЕНО ОД СИРЕЊЕТО СЕ
ДОСТАВА СОЛ ПО ВКУС И СЕ ПЕЧЕ 30 МИН . НА 180, 200 СТЕПЕНИ
Макарони со газирана вода: без да ги цедите и да валкате садови, само истурате и печете во рерна