МАГНОЛИЈА КРЕМ ВО ЧАША…Имав млеко во фрижидер и решив да го испробам рецептот…Воодушевени сме!

Исклучително лесен и вкусн крем по турски рецепт со атрактивен изглед. Може да се направи со јагоди, киви или банани! Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (се мери со чаша од 200 мл):

1 литар млеко
1 вода чаша шеќер
2 лажици брашно
2 лажици скроб/нишесте/густин
2 жолчки
1 ванилин шеќер
1 чаша кисела павлака
1 пакување бисквити – обични или какао „Petit Beur“ или друга марка со путер
100 г лешници или ореви
10-15 јагоди (или банани, киви – по желба)

Од видео рецептот:
500 мл млеко
100 мл слатка павлака
2 жолчки + 1 јајце
150 г шеќер
5 супени лажици скроб/нишесте/густин
шлаг, банани, плазма

видео рецепт

ПОСТАПКА:

Во тенџере измешајте ги шеќерот, скробот, брашното, ванилата и жолчките. Постепено додавајте го млекото, енергично матејќи со жица за матење.

Го ставате тенџерето на шпорет и почнувате постојано да мешате. Кога ќе зоврие, намалете ја топлината и мешајте додека да се добие кремаста конзистенција.

Се трга од оган и ако има грутчиња се мати со миксер додека да се изедначи. Додека кремот се лади, бисквитите и лешниците сомелете ги во блендер и истурете ги во сад.

Откако кремот ќе се излади, додајте ја павлаката и мешајте додека да се изедначи.

Подгответе убави чаши. Најпрво на дното ставете две лажици од смесата со мелени бисквити и лешници, по страните на чашата наредете преполовени јагоди (киви, банани) и одозгора прелијте го кремот.

Потоа повторно мелени бисквити и лешници, крем, мелени бисквити и лешници и завршувате со декорација од јагоди (киви, банани). Рецепт и фото на Тоника Талева.

Видео рецептот можете да го погледнете ОВДЕ:

https://youtu.be/1-7FIwuRQNs?si=xsFBnssZf9sVLhPc