Се верува дека оваа билка привлекува среќа, пари, добра судбина и бериќет во домот, и доколку, според фенг шуи, се постави на вистинското место во домот, ќе биде вистински магнет за позитивна енергија.
„Среќен бамбус“ или Dracaena Sanderian, исто така е познат како воден бамбус, билка на милоста или сандерова драчен. Иако оваа билка изгледа како бамбус, сепак, таа не е од истото семејство со вистинскиот бамбус.
Многу е многу декоративна – има долги прави месести стебла од кои никнуваат долги листови. Стеблата се слични на бамбусот и можат да бидат големи, но според фенг шуи се препорачуваат пократки варијации на растението.
За да се грижите за вашиот среќен бамбус, редовно режете ги стеблата. Ова ќе помогне да се насочи енергијата назад во стеблото и да растат здрави лисја. Повременото кастрење и чување во мали саксии ќе помогне да се ограничи висината.
Среќниот бамбус обично се продава во стаклени тегли или саксии исполнети со камења и вода. Можете да забележите дека билката напредува исто толку добро како во вода, така и во почва. Ова го прави среќниот бамбус една од најлесните домашни билки за негување.
Ако среќниот бамбус го чувате само во вода, додавајте малку течно ѓубриво еднаш месечно и избегнувајте да користите директно вода од чешма, а доколку можете користете филтрирана вода, вода која отстојала барем еден на собна температура или вода од дожд.
Според фенг шуи, бамбусовите стебленца имаат различно значење кога станува збор за привлекување богатство. Се верува дека трите стебла претставуваат среќа, богатство и долговечност. Пет или шест стебленца носат пари и среќа, а седум стебленца можат да симболизираат добро здравје.
Ако го ставите бамбусот во североисточниот дел од вашиот дом или канцеларија, се активираат богатството и финансиите. Се верува дека источната страна на домот привлекува здравје.
СОВЕТИ ЗА ОДГЛЕДУВАЊЕ НА СРЕЌНИОТ БАМБУС
Илјадници години наназад, среќниот бамбус е неизоставен дел од древната кинеска култура. Последната деценија, оваа украсна билка стана планетарно популарна и може да се најде во секој дом ширум светот.
Иако неговото стебло наликува на бамбус, среќниот бамбус е всушност драцена (лат. Dracaena braunii). За сите ентузијасти, кои се почетници во хортикултурата, среќниот бамбус е идеален за учење на тајните на оваа наука.
Имено, овој бамбус е доста лесен за одржување и многу брзо расте. Како подлога користи вода и/или земја. Може да се најде во различни форми, а од повеќе стебла се прават многу интересни аранжмани.
Иако не бара премногу нега, постојат неколку насоки кон кои би требало да се придржувате доколку се одлучите да ја одгледувате оваа куќна билка:
Позиционирање
За да може да расте, потребна е светлина. Треба повремено да го ротирате, за да може сите листови подеднакво да впијат сончеви зраци. Толерантна е на темни простории, меѓутоа, во тој случај нема да порасне многу.
Од друга страна, не треба директно да се изложува на сонце, бидејќи ќе изгори. Исто така, бамбусот не се поставува во близина на клима уред (и други вентилациони отвори кои издувуваат топол/ладен воздух) или места на кои има провев.