МАГИЧНИ ОБЛАНДИ ГОТОВИ ЗА НЕКОЛКУ МИНУТИ…За љубителите на крцкаво-кремасти десерти кои се топат во уста…Посни бели снегулки…Еве што ви е потребно за овие посно, вкусни колачи:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

2 листа мали обланди
350 г шеќер
100 мл вода
15 г желатин
50 мл вода
100 г желе бонбони

ПОСТАПКА:

Прелијте го желатинот со 50 мл вода и оставете да набабри. Сварете го шеќерот со водата да се добие шербет. Варете 5 минути. Во желатинот сипете го врелиот шербет и матете со миксер 10 минути додека да добиете бела, густа смеса.

Филот веднаш распоредете го врз листот обланда. Посипете сечкани желе бонбони и прекријте со вториот лист обланда и притиснете одозгора.

Ставете оптеретување врз обландата додека да се олади и стегне. Потоа сечете и послужете. Постапката погледнете ја ОВДЕ.