Во кинеската медицина го користат повеќе од 2000 години како средство зза подобрување на целокупното здравје, против стареење и за долговечност.
Боровиот полен е еден од најдобрите дарови на природата.
Има широк спектар на здравствени својства и лесно е достапен во природата. Може да се консумира во неограничени количини, а резултатите се видливи многу брзо.
Во кинеската медицина го користат повеќе од 2000 години како средство за подобрување на целокупното здравје, против стареење и за долговечност. Секако, многу е важно поленот да се собира од шума, од колку што е можно почиста средина.
Боровиот полен се собира пролетно време, но може да се најде во подобро снабдени продавници за здрава храна, аптеки или да се порача од интернет. Овој полен во себе содржи повеќе од 200 биоактивни хранливи материи.
Ова се некои од клучните карактеристики на боровиот полен:
-ги содржи сите 8 основни аминокиселини или протеини, како и разновидни есенцијални амино киселини.
-Ги содржи речиси сите витамини од Б комплексот.
-Содржи витамини Д2 и Д3, и витамин Д3 кој инаку ретко се среќава кај билките.
-Богат е со полисахариди.
-Претставува добро средство за детоксикација, а има и способност за декалцификација на телото и ја подобрува флексибилноста на зглобовите и сврзното ткиво.
-Влијае врз подобрување на имуниот систем.
-ја поттикнува работата на жлездите од ендокриниот систем и хормонската рамнотежа
-може да ја намали чувствителноста на болка
-ублажува силни воспаленија
-претставува идеален додаток на исхраната, штити од грип и настинки
-го регулира холестеролот
-има заштитни својства од радиокативни зрачења
-има силни антиоксидативни својства
-го регулира нивото на тестостерон и кај жените и кај мажите
-го регулира нивото на хормоните и ја олеснува менопаузата кај жените
-го зголемува либидото
-го подобрува метаболизмнот
-помага во регулирање на телесната тежина
Освен овие својства, боровиот полен е одличен додаток во здрави диети, ја храни косата, ги јакне органите и нивната отпорност, како и издржливоста на кардиоваскуларниот систем, подобрувајќи ја работата на срцето.
Исто така, поедини состојки на боровиот полен ги јакнат капиларите.
Како се користи боровиот полен?
Свежо собраниот полен може да се додава на јадења, во млеко, јогурт, шејкови или сокови. Купен во продавница во прашкаст облик, дневно може да се консумира по една лажичка помешана со мед.
Се препорачува да се консумира наутро пред појадок.
Најдобро од сè е тоа што боровиот полен може да се користи неограничено долго, а резултатите се видливи веќе после еден месец секојдневна употреба.
Нема никакви нуспојави и потполно е безбеден за употреба, освен не би требало да го користат лицата кои се алергични на полен. Сепак, пред употреба најдобро е секој да се посоветува со својот лекар.