МАФИНИ ЗА 5 МИНУТИ…Супер вкусни и меки како памукчиња…Десерт за секој ден…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

2 јајца
110 г шеќер
8 г ванилин шеќер
1 прстофат сол
125 г цврст јогурт или к.павлака
50 мл млеко
100 мл масло
200 г брашно
8 г прашок за печиво
нутела
шеќер во прав

ПОСТАПКА:

1.Изматете ги јајцата со шеќер, ванила и сол, па додајте јогурт, млеко и масло. Додајте го брашното помешано со прашок за печиво и соединете во мазно тесто без грутчиња.

2.Наполнете ги хартиените корпички со смесата, а потоа ставете по лажичка нутела. Печете ги 20 минути во загреана рерна на 180 степени.

3.Декорирајте ги со чоколадо и шеќер во прав. Постапката погледнете ја ОВДЕ.