„Уштипците“ се вид пржено тесто кое се послужува како традиционален појадок кај нас. Се послужуваат топли со кајмак, сирење, сувомеснато или со џем и шеќер. Тестото се прави од неколку едноставни состојки кои секоја домаќинка ги има во својот дом. Ако сакате да си ја олесните работата, подгответе ги уштипците во рерна, според првиот рецепт, кој може да го прочитате подолу.




Растат трипати поголеми, а смесата е слична на мафините кои можат да се направат од широк спектар на состојки, а овие уштипци се меѓу највкусните и најевтините и не се многу масни. Потребни ви се основните состојки кои ги има секоја куќа, а за убаво да се спојат и да „скокнат“ од калапот, важно е добро да се загрее рерната.




Подготовката не е комплицирана, а на топлите уштипци можете да намачкате крем сирење и да ги послужите со парчиња тенко сечени домати. Вториот рецепт е за класични уштипци, а тестото е совршено, а пак, третиот рецепт е за полнети уштипци кои малку потсетуваат на плескавици. Еве што ви е потребно да ги направите:




УШТИПЦИ ОД РЕРНА – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ПРВ РЕЦЕПТ): 3 јајца, малку сол, 160 г брашно, 300 мл млеко, 50 г путер. КЛАСИЧНИ УШТИПЦИ – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ВТОР РЕЦЕПТ): 400 г сирење, 2 јајца, 2 лажици брашно, 1 лажичка прашок за печиво, 250 мл масло за пржење.




ЗА ПОХУВАЊЕ: 2 јајца, лебни трошки (презла). ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА СОСОТ: 2 лажици мајонез, 1 лажица кечап, 1 лажичка сенф, сол, копар. ПОЛНЕТИ УШТИПЦИ – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ТРЕТ РЕЦЕПТ): 2 јајца, 2 лажици јогурт или павлака, 2 лажици брашно, прстофат сода бикарбона, прстофат сол, 1 домат, 50 г шунка, 50 г кашкавал, малку млад кромид и магдонос.




ПОСТАПКА ЗА ПРВИОТ РЕЦЕПТ: Калап за мафини ставете го во рерна 10 минути на 220 степени да се загрее, додека ја подготвувате основната смеса. Јајцата и солта се матат со миксер, па се додаваат брашното и млекото и се продолжува со матење. Исечете го путерот на коцки и ставете го во врел калапот за мафини. Излејте ја смесата подеднакво и печете на 200 степени, околу 15 минути. Ќе видите како буквално излегуваат од калапот при печењето.

ПРВ РЕЦЕПТ




ПОСТАПКА ЗА ВТОРИОТ РЕЦЕПТ: Во сад измешајте рендано сирење со јајцата, брашното и прашокот за печиво. Добро замесете тесто. Смесата ставете ја на проѕирна фолија и добро завиткајте формирајќи долг ролат. Ставете во замрзнувач 1 час. За тоа време го подготвуваме сосот.

ВТОР РЕЦЕПТ




Во сад измешајте мајонез со сенф, кечап, копар и сол. Добро измешајте и ставете во фрижидер да се излади. Откако ќе го извадите тестото од замрзнувач, исечете го на парчиња и секое парче потопете го во изматени јајца и валкајте во презла (лебни трошки). Се пржат на загреано масло по 2 минути од секоја страна на умерен оган. Послужете ги со сосот.




ПОСТАПКА ЗА ТРЕТИОТ РЕЦЕПТ: Се матат јајцата и се додава павлаката, просеаното брашно со сода бикарбона и прстофат сол. Добро измешајте, па додајте ги сечканите домати, шунката, кашкавалот, младиот кромид и магдоносот, кои треба да бидат ситно исечкани. Добро измешајте и вадете со лажица, па пржете ги во намастено тавче во кое сте загреале малку масло.

ТРЕТ РЕЦЕПТ




Вака подготвените уштипци може да ги послужите за појадок, ручек или вечера. Тоа што се полнети, брзо ќе ве заситат едно или две парчиња, а последниот рецепт многу потсетува на плескавици. Деталите од целата постапка за првиот рецепт може да ги погледнете во видеото ОВДЕ, за вториот ОВДЕ и за третиот ОВДЕ.