Потребни состојки:
2 јајца
200 мл јогурт
160 мл масло
1 чаша (од јогурт) шеќер
2 чаши (од јогурт) брашно
2 ванилин шеќер
1 прашок за печиво
100 г чоколадо за готвење
300 г вишна
Постапка:
Изматете јајца со шеќер и ванилин шеќер па додадете јогурт и масло. Брашното помешајте го со прашок за печиво, па соединете со изматената смеса. Чоколадото за готвење исечкајте го на коцкички па лесно вмешајте ги во смесата, најдобро со лажица.
Додадете 2/3 од вишните кои претходно сме ги исцедиле од сокот и наросиле со лажица шеќер. Смесата со лажица ставајте ја во калапи по желба…јас користам силиконски, па нема потреба од корпички, а кога печам во тефлонски тогаш ставам хартија за печење.
На секој мафин пред печењето одозгора ставам по неколку вишни. Се печат околу 20-тина минути на 200 степени.
Одозгора можете да ги украсите со растопено чоколадо или по желба.
сoolinarika.com