Home Десерти МАЧМАЛО КОЛАЧ на кој никој не може да му одолее…Многу едноставна постапка,...

МАЧМАЛО КОЛАЧ на кој никој не може да му одолее…Многу едноставна постапка, вкусен, мек и сочен

МАЧМАЛО КОЛАЧ на кој никој не може да му одолее…Многу едноставна постапка, вкусен, мек и сочен

Барате совршен рецепт за мек и сочен пандишпан? Овој рецепт со едноставни состојки и лесна подготовка ќе ве освои уште на првиот залак! Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

За бисквитот:
6 жолчки
6 лажици шеќер
½ чаша масло
½ чаша млеко
6 лажици брашно
2 преполни лажици какао
1 прашок за печиво
1 ванилин шеќер

ПОСТАПКА:

Пенасто изматете ги жолчките со шеќерот додека да добиете густа смеса, па додајте ги маслото и млекото и на крај помешаните суви состојки. Соединете со миксер и сипете во намастен плех 20х30 см (средна големина).

Загрејте ја рерната на 180 степени и печете околу 20 минути. Додека се пече пандишпанот пенасто изматете ги белките со 15 лажици шеќер, додека да добиете цврст снег.

За белиот шам од белки:

6 белки
15 лажици шеќер

Кога ќе се испече пандишпанот премачкајте го со снегот, израмнете и вратете го во исклучена рерна 5-7 минути да се потсуши. Одозгора залијте чоколадна глазура (чоколадо растопено со 3 лажици масло).

Не заборавајте да го споделите овој рецепт и следете не за повеќе вкусни идеи! Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ: