Дека никогаш не е доцна за одредени работи покажува и примерот на 89-годишна баба која во доцните години решила да направи нешто за прв пат – да оди на море! Иако по неколкудневно размислување, таа секако не зажалила за својата одлука и тврди дека сè било „возбудливо“.
Марија Пољак (89) од Света Марија во Хрватска напорно работела и цел живот се грижела за семејството. Одгледала две ќерки и син, па денес е горда баба на шест внуци и прабаба на седум правнуци. Животот што го поминала правејќи кошеви и работејќи на полињата и донел многу возбуда. Сепак, таа никогаш немала можност да оди на море… Досега!
Марија на почетокот на август конечно решила за прв пат да оди на море! Сосема нов, морски свет се отворил во последната фаза од животот за прекрасната Марија, која не ни поимала дека нејзините денови ќе станат толку возбудливи во нејзините доцни години.
Марија, која поради здравствени причини денеска живее со ќерката Славица во Доња Дубрава, на море ја наговориле нејзиниот внук и ќерките Славица и Нада, со кои осум дена отишла на море на островот Вир, возена од сопругот на Нада, зетот Хани.
„Марија беше толку возбудена две недели пред да оди на море што не можеше ни да заспие. Беше загрижена како ќе биде, малку ја фаќаше паника, размислувајќи дали ќе оди или не. Но, кога конечно пристигна на море, беше прекрасно! Не можевме да ја извадиме од вода – изјави нејзината ќерка Славица за Меѓумурски.хр.
Никогаш не размислувала да оди на море
А зошто никогаш не отишла на море, баба Марија објаснила дека животните околности биле такви што не ни помислувала на море.
„Кога бев млада, немав можност да одам на море. Тоа беа различни времиња. Луѓето работеа многу и се занимаваа со земјоделство, немаше ни автомобили и не одевме на море… Подоцна станав вдовица и не ни помислував да одам на море“, изјави Марија.
Патувањето било малку заморно за неа, но сонцето и морето ја воодушевиле и позитивно влијале на неа.
„Патувањето беше малку заморно, но ништо страшно. Сакав да бидам на сонце и на море, што имаше многу позитивно влијание врз мене. Јас сум едноставно воодушевена! Друга клима е, лековита вода… Прекрасни плажи! Би сакала повторно да одам таму и жал ми е што претходно не се осмелив да тргнам во ваква авантура!“, објаснила баба Марија, пренесува Меѓумурски.хр.
А потоа додаде:
На другите повозрасни жени, доколку се во можност, би им препорачала да одат на море и да уживаат!“, заклучила таа.