Салатата од морков е една од најздравите салати, а истовремено многу вкусни. Може да ја правите полута или помалку лута, во зависност од вашиот вкус, а доколку не го сакате лутото, едноставно не ставајте феферонки или пак ставете 2-3 обични, слатки црвени пиперки. Оваа салата има неодолив вкус, и штом еднаш ја пробате, често ќе ја правите.
Може да приготвите поголема количина за зимница, но може да ја правите и преку цела година, бидејќи состојките секогаш ги има. Едноставна е и се прави без конзерванс. Има повеќе верзии на оваа салата, но генерално сите се слични. Ќе ви откриеме неколку, а вие одберете која најмногу ви се допаѓа:
РЕЦЕПТ 1 (Мира Лосич Иветиќ) – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 3 кг моркови, 1 китка лист од целер, 3 главици лук, лути пиперчиња по вкус, 300 мл бел оцет 9%, 200 мл масло за готвење, 4 супени лажици сол, 2 супени лажици шеќер
РЕЦЕПТ 2 (Икка) – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 3 кг моркови, 2 главици лук, феферони (лути пиперчиња) по вкус, 300 мл масло, 250 мл бел оцет 9%, 1 китка магдонос, сол и црн пипер по вкус
РЕЦЕПТ 3 (Дијана Адемовиќ) – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1,2 кг морков, 3-4 чешниња лук или повеќе, 2-3 чили пиперки, 1 рамна лажица сол, 1 полна лажица шеќер, 1 филџан (за кафе) бел оцет 9%, 1/2 лаичка винобран, 1/2 лажичка конзервасн, 1/2 лажици сечкан лист од магдонос. Кој сака може да ги исклучи винобранот и конзервансот
РЕЦЕПТ 4 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 5 кг моркови, 250 г лук, 250 г лути пиперки, 1 филџан есенција, 1 филџан сол, 2 филџани шеќер
ПОСТАПКА за рецепт 1: Морковите измијте ги и излупете ги, а потоа исечете ги на тркалца. Потоа ситно исечкајте го целерот, пиперките и лукот. Сите состојки сомелете ги во блендер или „сечко“ и добро измешајте, па мешавината ставете ја во некој подлабок сад.
Додајте ги оцетот, маслото, солта и шеќерот, па добро измешајте, најдобро со рака за да се изедначат сите состојки рамномерно. Доколку сте ставиле лути пиперчиња задолжително користете ракавици.
Во текот на 24 часа повторете го мешањето неколку пати, а следниот ден во истото време кога сте ја направиле салатата можете да ја складирате во чисти, претходно стерилизирани теглички и да ги затворате. Конзерванс не е потребен, не се расипува на темно и ладно. Еве ја постапката за вториот рецепт:
ПОСТАПКА за рецепт 2: Морковот исчистете го и изрендајте го што поситно (или сомелете го). Лутите пиперчиња ситно исечкајте ги, а доколку се мали феферонки може и целите да се ставаат. Измешајте ги со морковот, сечканиот лук и магдонос.
Потоа додајте масло, оцет, сол и црн пипер во зрно, добро соединете и оставете да преноќи. Следниот ден спакувајте го во тегли и одозгора притиснато, одозгора да исплива течноста. Добро затворете и чувајте заедно со другата зимница. Може веднаш да се јаде. И постапката за третиот рецепт:
ПОСТАПКА за рецепт 3: Морковот излупете го и изрендајте го. Лукот излупете го и исечкјате го на листови, а магдоносот ситно исечкјате го, како и чили пиперчињата. Сето ставете го во еден подлабок сад заедно со морковот.
Солта, шеќерот, винобранот и конзервансот помешајте ги со оцетот и прелијте го зеленчукот. Промешајте, па оставете да отстои барем половина час, а потоа редете во чисти, претходно стерилизирани тегли. Кој сака помалку луто може да ја намали количината на лутите пиперчиња.
ПОСТАПКА за рецепт 4: исчистете го морковот и сомелете го, а истото сторете го со лукот и лутите пиперчиња. Додајте еден шолјичка есенција, една шолјичка сол и две шолјички шеќер. Сето добро измешајте го и спакувајте го во тегли.