На многу лесен и едноставен начин може да направите универзално „лудо“ тесто според рецептот на Маријана. Се замесува со квасец и не содржи млеко и јајце, што го прави многу поекономично од другите рецепти за „лудо тесто“.

Таквото универзално тесто е совршено за пити, питулици, лепчиња, погачи, пици, кифлички и други печива кои содржат квасец. Се состои само од брашно, вода и квасец, но неговата тајна се крие во правилната ферментација на квасецот. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 900-1000 г брашно, 500 мл млака вода, 30 г свеж квасец или 10 г сув (1 кесичка), 50 мл растително масло, 1 супена лажица шеќер, 1 мала лажичка сол.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ за класично „лудо“ тесто: 200 мл млако млеко, 1 коцка свеж квасец (42 г) или 2 кесички сув квасец, 1 лажичка шеќер, 1 кг брашно (меко), 1 прашок за печиво (10 г), 2 лажички сол (за солено тесто), 2 чаши јогурт (од 180 г), 200 мл млеко и 2 јајца.




ПОСТАПКА: Најпрво потребно е да се активира квасецот. Изронете го со прстите во еден подлабок сад и додајте малку млака вода. Додајте шеќер и промешајте со лажица додека да се растворат состојките.




Додајте го остатокот од топлата вода (да не е врела) и 100-тина грама брашно. Убаво изматете ја смесата со жица-маталка за да се разбијат грутчињата од брашното и да добиете мазна, хомогена смеса.




Покријте го садот со кеса или крпа и оставете на топло место за да се активира квасецот, за што му се потребни 10-15 минути. Кога ќе забележите дека смесата се запенила и го зголемила волуменот, значи дека ферментацијата на квасецот отпочнала.




Потоа можете да го додадете маслото, солта и брашното. Брашното се додава постепено и на почетокот се меша со лажица. Кога ќе добиете густо тесто, започнете го месењето со рака. Измесеното тесто не треба да биде тврдо, туку помеко, но да не се лепи на рака и да биде еластично.




Формирајте топка и намастете го, па оставете го во намастен сад да ферментира одколу 40-50 минути покриено со кеса или стреч-фолија, најдобро во топла просторија или малку затоплена, но исклучена рерна. Тестото треба да го зголеми својот волумен за 2-3 пати.




Вака приготвеното тесто може веднаш да се користи за приготвување на печива, но може да го поделите на помали парчиња според потребите и да го чувате во намастен сад со кеса во фрижидер, најмногу до една недела. По потреба можете да си вадите од тестото и да приготвувате разни печива. Класичното „лудо“ тесто се приготвува на сличен начин, со една разлика:




По густина, ова тесто е малку помеко од „посното-лудо“ тесто. Најпрво квасецот се активира како што е претходно опишано, а потоа се додаваат сите влажни состојки кои треба да бидат млаки или на собна температура, па се замесува со мешавината од суви состојки. Тестото се меша со лажица и се сместува во кеса претходно намстена. Се чува во фрижидер до една недела и после секоја употреба добро за затвора кесата.