Најдобро од се’ е што може а стои во фрижидер по неколку денови и секогаш е како тукушто да сте го меселе.
Потребни состојки:
1 кг брашно отприлика
500 мл млако млеко
200 мл јогурт
2 јајца
2 лажички сол
1 лажичка шеќер
1 коцка квасец
Постапка:
Во вангла просејте еден килограм брашно и направете вдлабнатина. Тука ставете млако млеко и издробете го квасецот, па наросете шеќер. Измешајте го бунарчето со малку брашно и оставете квасецот да се активира.
Додадете ги сите останати состојки и замесете мазно тесто. По потреба додадете уште брашно, се додека да престане тестото да ви се лепи на раце. Прекријте го тестото со крпа и оставете убаво да надојде.
Од ова тесто можете да правите погачи, кифлички, мекици, пица, или што и да посакате. Ако не го потрошите целото тесто веднаш, покријте го во најлонска кеса и оставете го во фрижидер и до неколку денови.