Нутриционистите советуваат дека ваквите напитоци е најдобро да се пијат на празен желудник, рано наутро, бидејќи на тој начин имаат најдобар ефект.

Чудотворниот напиток за слабеење од само три состојки го залуди интернет светот.

За чајот за слабеење кој топи масни наслаги и го забрзува метаболизмот, потребни ви се само зелен чај, ловоров лист и цимет.

За овие три природни состојки е познато дека се корисни во борбата против вишкот килограми и кога се користат одвоено, но се смета дека нивните својства се уште поголеми кога заедно ќе се искомбинираат.

РЕЦЕПТ

Сварете 800 мл вода, па во неа додадете три листови ловоров лист, потоа стапче цимет или половина лажичка цимет во прав, па во тоа додадете една голема лажица зелен чај. Препорака е да се користи зелен рефусен чај а не во кесички. Оставете да отстои 15 минути, процедете и напитокот е готов.

Се пие наутро, на празен желудник. Испијте една шолја чај пред појадок и пред утринско кафе, следната шолја се пие после појадок, а третата непосредно пред спиење.

Освен тоа, за да постигнете уште подобар резултат, мора малку да ја коригирате исхраната, да ги исфрлите слатките и повремено да вежбате. Во секој случај, ако во овој период не ви се намалата центиметрите во половината, колковите и задникот, сигурно ќе ги исфрлите токсините од телото, ќе имате повеќе енергија и ќе се чувствувате подобро.

Добро е да се проба и водената диета:

ПОЈАДОК

Една голема чаша вода, чај или свежо цеден сок од неколку плода овошје.

РУЧЕК

Пред ручек испијте голема чаша вода, а после ручек една шолја топол чај. Изедете колку што сакате сиров зеленчук, а можете да го зачините со оцет, масло и лимон.

Во предвид можете да ги земете: целер, марула, морков, краставици, кромид, домати, пченка, артичоки….

УЖИНА

Голема чаша вода, чај или цедено овошје.

Голема чаша млеко или јогурт со 30 г сирење или парче овошје.

ВЕЧЕРА

Пред вечера испијте голема чаша вода, а после вечерата една шолја чај.

100 г пилешко или 150 г ослич или варено јајце со прилог од зеленчук и малку овошје.

Секако, како и пред секоја диета, треба да се консултирате со лекар и да проверите дали вашиот организам може да го поднесе тој режим.