I РЕЦЕПТ – Највкусното слатко лепче со суво овошје – Рецепт за колач ЉУБОВЕН ВЕНЕЦ. За да биде меко лепчето и воздушесто, одвојте ги белките од жолчките и прво изматете ги белките, па потоа додадете ги и жолчките. Соединете ги сите состојки, излејте ја смесата во намастен калап и печете.
Колачот е многу вкусен, брзо и едноставно се приготвува. Може да користите разно суво овошје по ваш вкус. Денес е одличен ден да го приготвите овој колач наречен “Љубовен венец” и да ги изненадите вашите најмили.
Потребни состојки: 3 јајца, 1 ванилин шеќер, 1 прашок за печиво, 2 шолји шеќер (од 200 мл), 1 шолја млеко, 1 шолја растопен путер, 3 шолји брашно, 1 супена лажица цимет, 400 г суво овошје по избор, 1 лимон, 1 портокал, 100 г чоколадо (може и без чоколадо), цимет за наросување на колачот.
Постапка: Трите белки пенасто изматете ги во цврст снег, со најсилна брзина на миксерот. Потоа една по една додадете ги жолчките. Постепено додадете ги ванилиниот шеќер и кристалниот шеќер и матете додека да се растопи.
Во смесата додадете го растопениот и оладен путер, како и млекото, па намалете ја брзината на миксерот и додадете ги сувите состојки: прашок за печиво, брашно и супена лажица цимет.
Смесата лесно доматете ја со миксер за состојките убаво да се соединат. Додадете ситно сечкано суво овошје по желба (брусница, суво грозје, суви кајсии, ореви, лешник, суви смокви, урми, сув ананас…). Изрендајте кора од лимон, портокал и 100 г чоколадо, промешајте со лажица и добиената смеса излејте ја во намастен и набрашнет плех.
Може да користите и калап куглоф. Ставете да се пече во претходно загреана рерна, на 180 степени околу 50-55 минути (во зависност од јачината на рерната). Печениот колач превртете го на даска или чинија и додека е врел наросете го со цимет во прав (или шеќер во прав)./Coolinarika.com
II РЕЦЕПТ – Колач со суво овошје – готов за 15 минути. Кога ќе ви се пријаде нешто слатко и вкусно, а сепак сакате тоа да биде домашно, овој рецепт за брз колач со суво овошје, е вистинскиот за вас. Се приготвува многу брзо и едноставно, а потоа само го ставате во рерна да се испече.
Потребни состојки: 250 г брашно, 250 г шеќер, 180 мл јогурт, 100 мл масло, 1 лажичка прашок за печиво, 1 прстофат сол, 100 г чоколадо за готвење, 2 лажици какао, рендана кора од портокал, неколку капки екстракт од ванила, 200 г сечкано суво овошје:
Брусница, ореви, грозје, сливи, кајсии, смокви.За преливање на колачот: 100 г темно чоколадо и 1 лажица масло. Постапка: Сувото овошје ситно исечакјте го. Маслото и чоколадото растопете ги на пареа, па оставете малку да излади. Додадете шеќер, ванила, кора од портокал и јогурт на собна температура, па убаво промешајте.
Брашното измешајте го со сол, прашок за печиво, какао и суво овошје. Промешајте да се изедначи па соединете со претходната смеса. Мешајте со шпатула или лажица додека да се изедначи смесата. Излејте ја во калап 30х10 см обложен со алу-фолија или хартија за печење, па ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени, околу 45 минути.
Проверете со чепкалка: забодете ја во средина од колачот, ако излезе сува чепкалката, тогаш колачот е печен. Печениот колач извадете го од калапот, оставете го на ладно добро да се излади, па прелијте го со чоколадна глазура (чоколадо и малку масло растопете ги на пареа), па украсете со малку суво овошје.
III РЕЦЕПТ – КУГЛОФ со суво овошје, еден од поубавите. Фотографија и рецепт на Ивана – Божиќен куглоф со суво овошје. Може да се приготвува во калап за куглоф или било каков калап. Ако го печете во правоаголен калап, тогаш можете да го сечете на коцки. Како и да одлучите ќе добиете прекрасно печиво од кое ќе ви замириса домот неодоливо.
Потребни состојки: 120 г омекнат путер, 6 лажици масло, 150 г шеќер, 1 ванилин шеќер, 1 прстофат сол, 2 јајца, 250 г свежо полумасно сирење, 370 г брашно, 1 прашок за печиво, 5 лажици млеко, 150 г суви кајсии (омекнати во ликер), 100 г суво грозје (омекнато во ликер) и шеќер во прав за наросување.
Постапка: Намастете го и набрашнете го калапот за куглоф. Сувите кајсии исечкајте ги. Омекнатиот путер изматете го пенасто со миксер. Едно по друго додавајте и матете: масло, шеќер, ванилин шеќер и сол.
Миксајте додека сите состојки да се соединат. Додадете едно јајце и матете половина минута со најголема брзина, па додадете го второто јајце. Брзо додадете го и изматете го сирењето. Промешајте го брашното и прашокот за печиво, просејте ги, па половината додадете ја во смесата матејќи на средна брзина.
Додадете млеко, па втората половина од брашното. Сувото грозјте и исечканите суви кајсии додадете ги и измешајте ги со најмала брзина. Тестото излејте го во калапот и израмнете. Печете го 60-тина минути во загреана рерна на 180 степени. Печениот куглоф оставете го 10 минути во калапот, а потоа извадете го на решетка. / Coolinarika.com
IV РЕЦЕПТ Колач со суво овошје – Како да се искористи сувото овошје што ви преостана од празниците (од архива) Веројатно сите ние за празниците изнакупивме суво овошје кое речиси никогаш не се изедува сето докрај.
Го изедуваме она што ни е омилено, а тоа кај нас беа урмите и сувите кајсии, додека сливите и смоквите останаа. Па, еве еден начин како јас ги потрошувам. Го правам овој сочен колач полн со суво овошје и јаткасти плодови.
Потребни состојки: 5 јајца, 200 г шеќер, 100 мл масло, 100 мл вода, 400 г кисела павлака, 100 г гриз, 250 г меко брашно, 10 г прашок з апечиво (1 кесичка). рендана кора од лимон (а може и сок од половина или цел лимон), 500 г суво овошје кое ви преостанало (јас имав околу 300 г суви сливи и смокви, 100 г суво грозје, 100 г мешано – сечкани ореви и лешници).
Постапка за приготвување: Исечкајте го целото суво овошје, а исто и јаткастите плодови. Одвојте ги белките од жолчките (претходно јајцата треба да бидат отстојани барем еден час на собна температура. Со електричен миксер пенасто изматете ги белките, па започнете постепено да го додавате шеќерот и да матите додека тој да се растопи и да се добие цврст и сјаен снег.
Потоа започнете да ги додавате жолчките, една по една, додека постојано матите со миксерот. Во кремозната смеса додадете ја киселата павлака, маслото и водата, па заедно изматете со послаба брзина на миксерот додека да се изедначат состојките.
На крај додадете просеано брашно, гриз, прашок за печиво и рендана кора од лимон, а кој сака може да го додадете и сокот. Повеќе не ни е потребен миксерот, а смесата се соединува со внимателно мешање со помош на лажица или шпатула.
Намастете плех со димензии 30х20 см или со приближни димензии, наросете го со брашбо, а вишокот истресете го. Може да ставите и хартија за печење. Излејте ја смесата во подготвениот плех, рамномерно распоредете и израмнете. Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени, околу еден час.
Колачот можете да го печете и во калап за куглоф, па ќе добие декоративен изглед. Печениот колач покријте го со крпа и оставете го 15-20-тина минути да отстои и подизлади. Потоа слободно можете да го превртите врз чинија за сервирање, метална тацна или даска. Исечете го, одозгора наросете го со шеќер во прав и послужете го./Domacirecepti.net