Највкусното слатко лепче! Обично се приготвува за новогодишните празници, Божиќ, за ваеридба свадба… Но толку многу е вкусно што може да го приготвувате многу често и да се сладите со него. Се пече во долгнавест и длабок калап за леб, но може да користите калап за куфлоф или било каков деруг калап. Еве што ви е потребно.

Потребни состојки: 3 јајца, 1 ванилин шеќер, 1 прашок за печиво, 2 шолји шеќер (од 200 мл), 1 шолја млеко, 1 шолја растопен путер, 3 шолји брашно, 1 супена лажица цимет, 400 г суво овошје по избор, 1 лимон, 1 портокал, 100 г чоколадо (може и без чоколадо), Цимет за наросување на колачот

Постапка: 3 белки со миксер изматете во цврст снег, потоа додадете жолчки, ванилин шеќер, кристален шеќер, прашок за печиво, млеко, путер, брашно и супена лажица цимет, а потоа смесата лесно доматете ја со миксер сето да се соедини.

Додадете ситно сечкано суво овошје по желба (брусница, суво грозје, суви кајсии, ореви, лешник, суви смокви, урми, сув ананас…). А може по желба да додадете и малку јаткасти плодови, сечкани ореви, бадеми, лешници, кикирики и слиично.

Изрендајте кора од лимон, портокал и 100 г чоколадо, промешајте со лажица и излејте во намастен и набрашнет плех или куглоф и ставете да се пече во претходно загреана рерна, на 180 степени околу 50-55 минути (во зависност од јачината на рерната). Печениот колач превртете го на даска или чинија и додека е врел наросете го со цимет во прав.

coolinarika.com