Ловоровиот лист е одличен сојузник во борбата против првутот и го стимулира растот на косата – еве како да го употребите пред миење:
Речиси во секоја кујна може да најде ловоров лист, додаток кој на готвените јадења им дава посебен вкус. Сигурно сте слушнале дека освен тоа, ловоровиот лист одлично делува и врз здравјето, помага при кашлица, додека симболично се користи и за исполнување желби во различни манифестации.
Сепак, малкумина знаат дека ловоровиот лист е вистинско природно богатство за нега на коса. Ловоровиот лист содржи приближно два проценти есенцијални масла, а има многу придобивки за организмот.
Содржи полифеноли, танини кои се моќни антиоксиданси, витамин А, витамин Ц, натриум, калиум, железо и магнезиум, како и растителни влакна. При лекување на косата најчесто се користи против првут, за побрз раст на косата, но и ја прави свиленкаста и и дава посебен сјај.
Како да се користи за нега на коса? Постојат неколку рецепти, но ние ви пренесуваме третман со ловорови листови и кокосово масло. Потребни ви се 5 ловорови листови, една лажичка кокосово масло и 500 мл вода.
Во водата ставете ги ловоровите листови и кокосовото масло, оставете да се вари додека да зоврие, а потоа оставете го на оган приближно 5 минути. Тргнете од оган и оставете да се излади.
Потоа истурете ја течноста во шише со распрскувач и нанесете ја на склопот, добро втријте ја. Оставете да делува на косата 15 до 30 минути, а потоа измијте ја со шампон, како и обично.
Таа ќе биде неверојатно сјајна и здрава! Прочитајте: ЛЕКОВИТО МАСЛО ОД ЛОВОРОВ ЛИСТ: За очи, зглобови и силен имунитет (РЕЦЕПТ) – ОВДЕ. СИРУП ОД ЛОВОРОВ ЛИСТ И ПИВО, пијте го отсега, а на зима нема да се закашлате, прочитајте ОВДЕ. Чај од кромид и ловоров лист: Нема посилна комбинација за лекување на астма, бронхит и разредување на слузта, прочитајте ОВДЕ.