ЛИЗГАЧКИ ПАЛАЧИНКИ…Торта која ја имам запишано „Веднаш во двојна доза“…Толку многу е вкусно, не знаеме за доста…Рецепт и фотографии на Нина Главашки. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

За палачинки:
4 јајца со големина L
4 лажици шеќер
4 лажици брашно
250 мл млеко

За посипување:
150-200 г мелени ореви
околу 100 г кристален шеќер
парче чоколадо за готвење

ПОСТАПКА:

Одделете ги белките и жолчките. Изматете ги белките во цврст снег. Можете да додадете прстофат сол и потоа да ги изматите, наводно така поубаво се матат.

Жолчките пенасто изматете ги со шеќерот, па додајте ги брашното и млекото. Сè добро измешајте. Полека со бавни движења додајте го снегот од белки и соединете.

Тестото има поинаква текстура од онаа за обичните палачинки. Благодарение на белките останува пенесто.

Палачинките печете ги само од едната страна, убаво да заруменат од долната страна, дури да и се чини како да подгореле. Горниот дел останува непечен (барем не до крај).

Готовата палачинка ставете ја на чинија, печената страна надолу и веднаш посипете ја со мелени ореви и шеќер.

Дури потоа почнувате да ја печете втората палачинка, која ќе ја ставите жешка над претходната и на тој начин ќе се заврши со нејзината термичка обработка.

Наредете ги наизменично вака, само последната свртете ја со непечениот дел надолу и одозгора изрендајте ја чоколадата. Оставете ја „тортата“ добро да се излади пред да ја послужите. Рецепт и фотографии на Нина Главашки.