Способноста за покажување емпатија и сочувство се смета за позитивна особина, но исто така, многу е важно да знаеме да ги контролираме ваквите емоции. Ако после разговорот со некоја друга личност се чувствувате исцрпено, мора да размислите и да го промените вашиот став.
Животот носи многу проблеми. Семејството и нашите пријатели исто така имаат проблеми, па често сме во ситуација да ги слушаме како се жалат на некого или на нешто. Тоа од една страна е нормално, бидејќи луѓето со тоа сакаат да се ослободат од напнатоста и често им станува полесно откако ќе си ги кажат маките. Од друга страна, постојаното слушање на туѓите проблеми нам ни штети и ни ја одзема енергијата.
КАКВО Е ВЛИЈАНИЕТО НА НЕГАТИВНАТА ЛИЧНОСТ
Некои луѓе говорат за своите проблеми за да добијат поддршка и совет. А други – за да ја пренесат својата негативност врз други луѓе. Треба да научите да ги разликувате.
Можно е дека луѓето од оваа втора категорија ќе ве наречат бесчуствителен егоист, доколку одбиете да ги сослушате. Можеби ќе се обидат да ви создадат чувство на вина или некое друго, исто така непријатно чувство. Тоа не е страшно. За возврат ќе добиете бран енергија и чувство на самодоверба, после одбивањето на таа токсична комуникација.
ЗОШТО НЕ ТРЕБА СЕКОГАШ ДА ГИ СЛУШАТЕ ЖАЛОПОЈКИТЕ
Затоа што оној кој постојано се жали не прави ништо за да го промени својот живот. Тој е навикнат да биде во улога на навреден. Тоа е неговиот психолошки тип, таков му е погледот на светот.
Можете да го слушате, но како да му помогнете? Никако. Нему не му е потребна помош, тој само сака да зборува. А разговорот без цел, нема смисол.
Жалејќи се, тој потсвесно, а некогаш и свесно, од себе ја симнува вината за својот неуспех. Со таквите луѓе треба да се позанимава психолог, кој умее да влијае врз начинот на размислување.
НАЈНЕГАТИВНОТО ВЛИЈАНИЕ ВРЗ ЧОВЕКОТ го прават неговите сопствени мисли. Никогаш нема да ги решите проблемите на оној кој всушност нема намера да ги реши. Никако нема да ја смирите неговата душа со сочувствување, бидејќи нему тоа всушност не му е потребно. Се’ што сака е од себе да го симне чувството на одговорност за својата судбина – го бара невозможното.
ШТО СЕ СЛУЧУВА КОГА ПОСТОЈАНО СЛУШАМЕ ЖАЛОПОЈКИ?
Ја ситниме сопствената енергија. Сакаме да помогнеме, но не го решаваме проблемот. Постојано се обидуваме и во тие обиди се исцрпуваме.
ПРВИ ЗНАЦИ НА ИСЦРПЕНОСТ:
1.Емоционална нерамнотежа
2.Тешкотии во решавањето на сопствените проблеми
3.Проблеми со концентрација
4.Појава на негативни мисли
КАКО ДА ГИ ОДБЕГНЕМЕ ОНИЕ КОИ ПОСТОЈАНО СЕ ЖАЛАТ?
1.НАПРАВЕТЕ И ЗАДРЖЕТЕ ЈА ДИСТАНЦАТА
Можеби незадоволникот на почетокот ќе биде навреден поради вашата незаинтересираност. Меѓутоа, кога сите би престанале да ги слушаат неговите бескрајни тиради за бесцелниот живот, тој конечно би морал да се соочи со своите проблеми, наместо само да зборува за нив или да престане да го гледа само лошото.
2.Објаснете му на незадоволниот дека никој не треба да го обвинува за она што му се случува, освен самиот себеси
Да речеме дека сте го ислушале. Кога веќе тоа сте го направиле, не жалете за уште малку време и искрено кажете му дека она на што се жали е само поединечен проблем, а дека постојат и општи, кои се состојат во неговиот негативен став кон ситуацијата и животот воопшто.
3.Не покажувајте “слабост”
Незадоволникот е манипулатор. Не покажувајте подготвеност да му се понудите. На тој начин ќе се упропастите и двајцата- како и себеси, така и него. Негативното влијание на личноста никогаш нема да престане. Кога вас ќе ве исцрпи, ќе си пронајде нова жртва.
4.Поставете граници
Замолете да го почитува вашето право на личен простор. Исто така, правото сами да ја бирате темата за разговор. Може да у кажете дека не сакате постојано да разговарате за “трагедии и неволји”. На тој начин таквото лице ќе го приморате да се одврати од негативните мисли.
Можеби вам драги читатели ви се познати и некои други ефикасни начини за комуникација со таквите, негативни луѓе? Напишете ги во коментар.