Фото и рецепт: Марија Митровска Сиљаноска

Првпат правам лиснато кифлички и супер излегоа.

Лесни и брзи за приготвување, ви го препорачувам рецептот да си ги направите.

 

Потребни состојки:

500 мл млеко

3 лажици сол

3 мали лажички шеќер

130 мл масло

4 јајца

2 коцки свеж квасец

1,5 кг брашно или по потреба

Постапка:

Се замесува тестото и веднаш се работи, без стасување.

Тестото се сече на 12 парчиња од кои се прават топчиња.

Се расукуваат, се премачкуваат со путер и се редат едно врз друго по три.

Се расукуваат четири кори, се сечат на триаголници, се виткаат во кифлички и се редат во плех обложен со хартија.

Одозгора се премачкуваат со жолчка и се наросуваат со сусам.

Се печат околу 20 минути на температура од 220 степени.

Фото и рецепт: Марија Митровска Сиљаноска