Лимонот е цитрусно јужно овошје. Елипсовидниот, жолт плод на лимоновото дрво се користи за кулинарски и некулинарски цели ширум светот, првенствено поради неговиот сок.
Пулпата и кората се користат за готвење и печење. Сокот од лимон содржи околу 5-6% лимонска киселина, со pH околу 2.2, давајќи му кисел вкус на сокот. Киселиот вкус на сокот го прави клучна состојка во разни видови на пијалаци и храна, како што се лимонада и колач од лимон.
Лимонот помага при чешање и црвени дамки на кожата благодарение на неговите природни антиинфламаторни и анестетички својства. Едноставно нанесете малку сок од лимон на местото на црвенилото.
Лимонот служи за чистење на микробрановата печка
Поради своите кисели својства, лимонот може да има антибактериско и антисептичко дејство, идеално за чистење на микробранова печка. Исцедете половина лимон во сад и додајте половина чаша вода.
Вклучете ја микробрановата печка 2 – 3 минути, а потоа исклучете ја и почекајте уште 5 минути без да ја отворите вратата. После тоа, само избришете ја внатрешноста со крпа за чистење.
За смирување на воспалението на грлото
Споменатите антибактериски и антисептички својства на лимонот можат да бидат многу корисни за б олки во грлото. Како бонус, постои и високо ниво на витамин Ц, што ќе го зајакне вашиот имунолошки систем. Едноставно исцедете половина лимон, додајте малку вода и исплакнете го грлото или додајте исцеден лимон во чај.
Ја зголемува енергијата и го намалува с тресот
Природниот мирис на лимон може да помогне во враќањето на енергијата и да го намали нивото на с трес. Доволно е да го помирате ова свежо овошје за да ги заживеете вашите сетила, да се ослободите од поспаноста и да се опуштите. Мирисот од лимонот помага при враќање на сетилото за мирис при аносмија.
Може да излечи г адење
Исечете го на парчиња, и вш.мукајте едно парче 1 – 2 минути, а потоа задолжително исплакнете ја устата. Исто така, треба да се напомене дека премногу лимон може да ја оштети глеѓта на забите, затоа не претерувајте со овој метод.
Листот, овошјето и кората од овошјето се јадливи. Од кората се прават разни сирупи, и чаеви. Но, најважно е да користите непрскан лимон. Ако не сте сосем сигурни дека лимонот се одгледува органски, подобро да ја фрлите неговата кора.
Но, кората од непрскан лимон е вистински извор на здравје. Го забрзува распаѓањето на мастите поради пектин, има корисен ефект врз жолчката, ги намалува маснотиите во кр-вта, го намалува кр-вниот притисок и холестеролот.
Есенцијалното масло содржано во кората е активно против разни бактерии, особено стафилококи и стрептококи и помага при респираторни инфекции. Етеричното масло од лимон има ефект на зајакнување на кр-вните садови (особено капиларите кои ја зајакнуваат отпорноста и ја намалуваат пропустливоста), затоа е корисно при склоност кон воспалени вени и испукани капилари.
Честопати ја забораваме белата „кожа“ на лимонот, која е невообичаено богата со биофлавоноиден кверцетин. Поради тоа, лимонот ја балансира работата на панкреасот и помага при алергии.
Општо земено, биофлавоноидите, покрај тоа што се антиоксиданти, го подобруваат дејството на витамин Ц и спречуваат негово прекумерно излачување од организмот. Витаминот Ц, кој е содржан во сокот од овошјето, не може да се произведува во организмот сам по себе, затоа треба редовно да се кон-сумира. Покрај тоа, лимонот содржи бета-каротен, витамини Б3, Б5, Е, К, калиум, калциум, фосфор, цинк и фолна киселина.
Редовното кон-сумирање на сок од лимон ќе помогне во одбраната на организмот, ќе го алкализира телото, ќе го подмлади и исчисти. Лимонот исто така ги неутрализира слободните радикали, ја подобрува меморијата и ја чисти кожата, давајќи и тон и подмладувајќи ја.
Покрај тоа, научните истражувања откриле дека витаминот Ц помага во забавување на појавата на рак на дебелото црево и воспалителни состојби како што се астма, остеоартритис или ревматоиден артритис. Според некои истражувања, лимонот дури може да помогне во лекување на рак.
Лимонот е во состојба да го опорави целиот организам само доколку се користи во комбинација со ловоров лист – рецепт
Потребни состојки: 2 ловорови лисја, кора од 1 лимон, 500 мл вода.
Постапка: Ловоровиот лист го спречува воспалението и б олката во стомакот. Одличен е при иритација и доколку ви се јавува б олка веднаш после јадење. Користете органска кора од лимон која позитивно влијае на црниот дроб, перисталтиката на цревата и ги смирува нервите.
Оваа комбинација има трипати зголемено дејство доколку се користи на овој начин. Кората од лимонот истретирајте ја со раствор од сода бикарбона доколку не е органска.
Во тенџере на рингла додајте ја водата и лимоновата кора. Потоа додајте ги и ловоровите лисја. Гответе на ниска температура со повремено мешање, 5 – 10 минути. По изминатото време, префрлете го чајот во подлабок сад или шолја.
Поклопете и оставете да отстои 20 минути. Потоа процедете и додајте уште малку сок од лимон во напитокот по желба. Кон-сумирајте секое утро на празен стомак, може да дозирате до трипати дневно или да го пиете по јадење на тешка храна.
По 3 дена, ќе забележите подобрување. Терапијата трае 3 дена, а потоа направете пауза од 1 седмица. По потреба повторете ја терапијата. / Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска