Ова е супер-тесто за обликување, па освен лимони, од него можете да си формирате било какви други облици. Тестото е супер ровко, поднесува секаков фил, лесно се обликува и што е најважно – не пука при печењето.
Еден од ретките колачи кои изгледаат толку природно, како да сте ги набрале од дрво, а не од рерна. Наместо маст или путер, може да се користи наменски маргарин за колачи.
Еве што ви е потребно:
Дали ви се допаѓа кошницата преполна со вкусни и убави ситни колачи?
Во зависност од величината на лимончињата, излегуваат околу 60-70-80 парчиња!
Бидејќи денес има различни видови на рерни, со и без фен, плински, електрични и слично, мора да го приспособите печењето според вашата рерна за да останат колачињата светли. Може да ги замрзнувате пред боењето, па да ги вадите по потреба.
Потребни состојки: 500 г брашно, 50 г маст/путер/наменски маргарин, 100 г шеќер, 1 мала лажичка сода бикарбона, 1 ванилин шеќер, 150 мл млеко, ½ прстофат сол, 2 жолчки, кора од лимон
За фил: 2 белки, 200 г мелен бадем/лешник, 2 ванилин шеќер, 130 г шеќер, кора од 2 лимони, 1-2 лажици рум или мараскин/сок од лимон/лимончело/ракија
За боење: жолта боја во прав, 300 мл млеко, 200 г ситен кристален шеќер, 1 лажица мараскин/рум/лимончело..
Постапка: од сите состојки замесете тесто и оставете го во фрижидер, убаво да излади 2 часа. Прво добро измиксајте ги јајцата, путерот на собна температура, шеќерот и рендана кора од лимон.
А, потоа постепено додавајте го брашното помешано со сода бикарбона (или прашок за печиво), а на крај, со последното додавање на брашното, тестото замесете го рачно.
Откако ќе отстои 2 часа во фрижидер, развлечете го во тенка кора (може и на машина), па сечете кругови со модла или чаша, со величина по ваша желба. На секој круг се става по лажичка фил.
Потоа кругот се дипли како што е прикажано на фотографијата, се превртува и краевите се притискаат како бонбонче, па се добива форма на лимонче.
Колачите редете ги на плех обложен со хартија и печете ги на 160 степени околу 20 минути. Ако ви е многу силна рерната, печете ги 12-15 минути или намалете на 150 степени.
Изладените лимони натопете ги во млеко, во кое претходно сте додале боја и мараскино(или рум). Потоа валкајте ги во шеќер.
ФИЛ: Изматете ги белките и шеќерот, па потоа додадете ги мелените бадеми и зачините. Ако ви се чини дека филот е редок, тогаш додадете 1-2 лажици лебни трошки (презла).
Уште една мала напомена: Кога тестото ќе го извадите од фрижидер, уште еднаш премесете го, со прстофат брашно, па дури тогаш развлекувајте го и сечете кругови.
Врвовите на лимончињата можете малку да ги обоите со зелена боја за да добијат поприроден изглед.
Погледнете колку се декоративни, особено ако ги наредите во чинијата со свежи лимонови листови, а може и од ловор:
сoolinarika.сom