Рецепт и видеот прилог на Лилјана од Кујната на Лилјана – Старогрчки природен рецепт за остеопороза. Рецептот можете да го прочитате најдолу во текстот.

„Бев во Пролом бања и правев тест за остеопороза и техничарите кои работат таму ми го дадоа овој старогрчки рецепт за превентива од остеопороза. Овој природен лек може да се користи како превентива, бидејќи секогаш е подобро да спречи отколку да се лекува“, вели Лилјана.

ШТО Е ОСТЕОПОРОЗА?

Остеопорозата погодува 75 милиони луѓе во Европа, Америка и Јапонија. Една од три жени и еден од пет мажи за 50 години живот ќе доживеат фра-ктура поради остеопороза. Во Европа секоја минута се случуваат по 8 фра-ктури поради остеопороза. Фра-ктурите поради остеопороза значително го намалуваат квалитетот на животот на болниот, го зголемуваат мор-та-литетот и го оптеретуваат здравствениот систем.

Вкупните здравствени трошоци поради остеопоротичните фрактури во Европа во 2000 година изнесувале преку 30 милијарди евра. Ефектите од остеопорозата се еднакви или поголеми од неспособноста која ја предизвикуваат другите хронични незаразни болести (ревматоиден артритис, астма, хипертензивна болест на срцето).

КАКО СЕ СОЗДАВА ОСТЕОПОРОЗАТА?

Остеопорозата се јавува поради пореметување на коскеното ремоделирање. Ремоделирањето на коската е динамичен, континуиран и урамнотежен процес на апсорпција, таложење и минерализација на коските. Остеобластите го синтетизираат колагенот на коскената срцевина, а остеокластите ја ресорбираат.

Физичкото оптеретување поттикнува таложење и калцификација на коските. Нелекуваната хипертиреоза ја зголемува активноста на остеокластите и коскеното ремоделирање.

Биохемиски индикатори за коскено ремоделирање од клиничко значење се коскените маркери (коскена екскреција на алкална фосфатаза, остеокалцин, Ц-терминал проконденат тип I пропептид) и маркери за деградација на коските (колагенски врски (деоксипиридинил и пиридинол), тип I телопептиди).

Биохемиските маркери за ремоделирање на коските не се неопходни за дијагностицирање на остеопорозата, но може да бидат доказ за забрзано ремоделирање на скелетот. Со остеопорозата се губи кортикална и сунѓереста коска. Кај мажите, постои застој, а кај жените губење на малите игловидни проекции на коската кои се развиваат – трабекули – во централната срцевина.

ФАКТОРИ НА РИЗИК

Остеопорозата треба да се препознае пред појава на фра-ктура. Затоа е важно да се знаат факторите на ризик. Состојби поврзани со намалување на коскената маса и појава на остеопороза се: стареење, недостиг на естроген (предвремена менопауза, постменопауза), анорексија, нелекувана хипертиреоза, хиперпаратиреидоизам,

Потоа, хронична болест на црниот дроб, гликокортикоидна терапија или нелекуван Кушингов синдром, малапсорпција, дијабетес зависен од инсулин, ревматоиден артритис, долготрајна депресија, неадекватна исхрана (недостиг на белковини, калциум, витамин Д), ал-ко-хо-лизам, пушење, недостаток на телесна активност

ЛЕКУВАЊЕ НА ОСТЕОПОРОЗА

Целта на лекувањето е спречување (на повторна) фра-ктура, кај лица со задоволителен DEXA критериум за остеопороза. Превенцијата и лекувањето на остеопорозата се долготрајни и бараат добра соработка помеѓу лекарот и пациентот.

За навремено откривање на остеопорозата (пред да дојде до фра-ктура) важно е да се познаваат факторите на ризик за појава на остеопороза, како и други болести и состојби поврзани со губиток на коскена маса, кои треба да се лекуваат.

Телесната активност и исхрана богата со калциум, особено во текот на детството и адолесценција, ги одржуваат коските здрави. Во нефармаколошки начини на лекување на остеопороза се вбројуваат: отстранување на ризичните фактори како што се пушењето и ексцесивно консумирање на ал-ко-хол;

Потоа, редовна телесна активност за зголемување на мускулната снага и коскената маса; дневен внес од 1000-1500 мг елементарен калциум за жени во постменопауза. Млекото и млечните производи се најдобар извор на калциум. Дневен внес од 800 IU витамин Д за жени во постменопауза.

ПРИРОДЕН ЛЕК ЗА ОСТЕОПОРОЗА

Потребни состојки: 10 лажици мелено ленено семе, 5 лажици мелен сусам, 5 лажици мелени семки од тиква, 5 лажици мелени пченични зрна, 5 лажици семки од сончоглед, 3 лажици суво грозје, 1 литар ливадски мед

Постапка: сите состојки ставете ги во блендер за мелење и добро иситнете ги. Внимавајте да не претерате за да не дојде до одвојување на мастите од семето. Пченицата е најтврда, па затоа можете претходно една ноќ да ја натопите во млака вода, па да ја исцедите и сомелите (или уште подобро, би можеле да користите и пченични ‘ркулци).

Состојките постепено промешајте ги со медот додека да добиете еднолична хомогена смеса. Смесата складирајте ја во добро затворена стаклена тегла и чувајте ја во фрижидер. Употреба: По една лажица пред појадок и пред ручек. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.