Жељка Поповиќ открива како се храни после победата над најтешката болест.

“Дијагнозата дека имам рак на дебело црево ја добив кога имав 52 години, а сигурно сум го имала 2-3 години пред тоа, значи сум се разболела некаде кога сум имала 49 години.

Сведоци сме дека се почесто заболуваат и помлади лица, па затоа е многу важно да се оди на колоноскопски преглед. Ако имате полип, ќе ви биде безболно отстранет. Ако чекате, може да прерасне во аденокарцином, а тоа не поминува лесно. Сепак, и тој може да се излекува” – вели Жељка Поповиќ, фризерка и вљубеник во природната козметика.

Сега редовно оди на контроли на секои 6 месеци. Настојува да не се нервира, да го отстрани стресот и помирно да живее, а поголемиот дел од времето да го поминува во она што неа ја развеселува.

Ужива во домот, цвеќето, сака природни, домашни намирници и домашни јадења.

-Како што ги слушам своите емоции, така ги слушам и пораките на телото. Ако чувствувам потреба за одреден вид на храна, ја земам истата и тогаш се чувствувам добро. Ако ми се јаде сланина, ќе јадам сланина, ако ми се јадат колачи, ќе јадам колачи… Не сакам од ништо да се откажам, но сепак, внимавам да јадам повеќе овошје и зеленчук. Порасната сум на домашна кујна, секогаш купувавме домашно, а така и сега правиме – вели Жељка.

Советува дека е најдобро сами да си одгледувате зеленчукот, па макар и во тегли.

-Непроценливо е, бидејќи знаете дека не е третирано со хемикалии, а добро е и за рекреација. Напролет во природата можете да најдете диви билки, како што со див лук и глуварче, кои се одлични за чистење и јакнење на телото – вели Жељка.

Нејзиниот здравствен картон секогаш бил празен.

-Немав причина да се сомневам дека ќе заболам од болест од која се умира. Но, ете се случи, на мој ужас и на моето семејство. Од истата болест умре татко ми, токму во времето кога ја открија и мојата болест. Ја преживеав операцијата и зрачењето пиејќи таблети и длабоко проживувајќи ја тагата поради загубата на татко ми.

Не се прашувам каде згрешив, дојдов на време и добив втора шанса за живот – вели Жељка.

Во ек на епидемијата со коронавирусот, Жељка Поповиќ била мирна, спремна да го организира семејството, работата и школото од својот дом.

-Престојот во природа, домашната храна, смирениот ум и размислувањето со оптимизам, ќе помогне да го поминеме и овој период – вели Жељка. На истиот совет се придржувала и кога се разболела. Имала неизмерна доверба во хирургот и остатокот од лекарскиот тим. Сепак, тоа бил за неа многу тежок период.

-Тоа е како некој да ве фрли од висина да паѓате и паѓате, или како блок бетон да паѓа врз вас. Сега сум свесна дека стравот од колоноскопија е неоправдан и апелирам на сите, да одат на закажните прегледи, особено доколку се посомневаат дека нешто не е во ред, веднаш да побараат преглед на гастроентеролог – вели Жељка.

Секоја промена во столицата, појава на крв, болки во стомакот, нагло слабеење без очигледна причина, не се добри знаци и може да упатуваат дека нешто не е во ред со организмот.

Жељка го одложувала одењето на лекар и кога воочила дека нешто не е во ред со варењето. Стравот од колоноскопија во првиот момент преовладувал, па потоа татко и се разболел, а подоцна дошло занемарувањето и негирањето.

-Веќе знаев дека имам сериозен проблем. Се чувствував затруено. Помина некое време додека се одлучив да побарам помош – вели таа.

Кога отишла на лекар, понатаму сè одело многу брзо. Колоноскопија, операција, зрачење, а потоа и повторна операција, бидејќи после операцијата на карциномот, добила хернија.

По завршетокот на лекувањето, Жељка се ангажирала за подигање на свеста за рак на дебело црево и важноста од превентивните прегледи. Некзините 4 сина кои сега имаат 14, 17, 27 и 29 години, на превентивните прегледи ќе бидат упатени во своите 30-ти.

А оние кои немаат ризични фактори, како што се фамилијарна историја, со прегледите треба да започнат после 50-тата година.

Ова се некои од нејзините рецепти:

СУПА ОД ЈУНЕШКИ КОСКИ

Состојки: Јунешки или телешки коски, 2 главици кромид, 2-3 чешниња лук, зеленчук за супа, црн пипер во зрно.

Постапка: Коските ставете ги во тенџере и прелијте ги со вода. Поклопете и ставете на оган да се варат. Кога ќе зоврие, намалете ја температурата и варете на умерено. После 4 часа готвење додадете го зеленчукот за супа, зачинете и на тивок оган гответе уште 1,5 час. Оставете малку да подизлади и после еден час процедете. Дел складирајте во тегли и ставете ги во фрижидер, а дел во соодветни садови – во замрзнувач, па вадете си по потреба.

ПУТЕР ГИ

Состојки: 1-1,5 кг путер, несолен. Ги е всушност прочистен путер кој освен го кулинарството се користи и во козметички третмани и природната козметика. Во кујна го користиме за готвење, пржење, динстање…како здрава замена за индустриските масла и маргаринот. Им дава вкус и фина арома на варивата, сосовите, густите супи. Одлично одговара со динстан зеленчук, но и како намаз на леб. Ние го јадеме и на леб со џем – вели Жељка.

Постапка: Во поголем а поплиток сад ставете го путерот, па растопете го на умерен оган, а потоа намалета ја температурата на минимум. Не треба да се поклопува и не треба да се меша! На тивок оган треба да се вари 40-тина минути, во зависнот од количината на путерот. Во текот на варењето треба да се трга пената од површината. Кога целосно ќе се избистри, ќе се види дното на кое се собрал слој маснотија. Кога тој слој од бела боја ќе премине во карамел боја, тогаш ги-то е готово. Оставете малку да излади, па процедете го низ газа и складирајте го во садови. Кога ќе се олади, има златножолта боја. Не го чувајте во фрижидер. Вреди за трудот, бидејќи е лековита намирница.